Секоја врска поминува низ овие четири фази: Во која сте сега?

Клиничкиот психолог д-р Кристин Дејвин, специјалист за врски, бракови и разводи, вели дека трудот, намерата, вниманието, желбата за долга врска и хуморот се клучните „состојки“ на успешна врска.

Паровите кои се отворени и имаат волја да останат заедно и покрај подемите и падовите, на крајот ќе успеат. Секако, ќе има моменти кога ќе помислат дека едноставно нема да опстојат, но најважно е да не се откажуваат.

Периодот на меден месец ќе помине пред да успеете да погледнете наназад и да се препуштите на секојдневните работи, кои можеби ви изгледаат досадни, но всушност може да бидат одлични, доколку ја имате вистинската личност до вас.

Ова се сите фази низ кои поминуваат врските - проверете каде сте и која фаза ви следи. Исто така, прочитајте ги советите од психолог како успешно да ја поминете секоја фаза.

РОМАНТИЧНА ФАЗА

Чувството на блаженство и среќа е најголемо во оваа фаза од врската. Тогаш се прашувате каде бил овј човек целиот ваш живот. Вашиот свет е едноставно прекрасен! Разликите меѓу вас ги доживувате како предност и во оваа фаза често сте толку фокусирани на партнерот што речиси ги исклучувате сите други луѓе од животот. Заборавате на своите граници, стравовите, вашите „кочници“. Конечно се чувствувате комплетно, безбедно и сакано.

БОРБА ЗА МОЌ

Розовите очила низ кои го гледавте светот станаа помалку розови. Илузијата дека вашата љубов ќе трае вечно често завршува со разочарување. Сега сфаќате дека сите оние разлики меѓу вас не се многу добри. Однесувањето на партнерот кое порано ви беше многу убаво, можеби дури и она што ве освои, сега ве нервира.

Луѓето се обидуваат да го вратат партнерот на она што некогаш бил или да го направат личноста што ја замислувале во својата глава. Има сѐ повеќе расправии и недоразбирања поради неможност за комуникација.

Ако сакате вашата врска да успее, мора да направите нешто поинаку, да се обидете да комуницирате поинаку.

Секоја ваша кавга прави да се чувствувате побезнадежно кога е во прашање вашата заедничка иднина и влијае на вашето чувство на сигурност во врската. До неодамна беше одлично да сте заедно, а сега не знаете што да очекувате од партнерот. Се прашувате дали сте погрешиле и дали вашата врска е осудена на пропаст?

За да ја зачувате врската, психологот ве советува да работите на следниве работи во оваа фаза од врската: прифаќање на разликите меѓу вас, учење да ја делите моќта во врската, отфрлање на илузиите за постојана хармонија во врската, препознавање на силните точки во врската, поставување јасни граници и покажување меѓусебно почитување.

ФАЗА НА СТАБИЛНОСТ

Во фазата на стабилност и двајцата партнери се посвесни за своите однесувања и разлики, за тоа што ги нервира. И двајцата поминаа низ борбата за моќ што претходно владееше со врската. Едноставно, сега научија дека расправата е токму тоа - расправа, несогласување. Не влегуваат во дискусии освен ако навистина не мораат и умеат да ја прекинат кавгата без последици.

Врската досега веќе влегла во одреден ритам и партнерите сега се поопуштени. Довербата и чувството на сигурност им овозможуваат да се „оддалечат“ од врската на здрав начин, без да се чувствуваат загрозени.

И покрај сите позитивни аспекти на оваа фаза од врската, досадата демне зад аголот. До оваа фаза, парот е веќе одредено време во врска, што значи дека веќе влегле во рутина, што може да доведе до апатија, па дури и до неверство. Партнерите почнуваат да се земаат здраво за готово. Посветуваат помалку внимание еден на друг, помалку труд околу врската.

Не дозволувајте тоа да се случи, советува психологот. Зборувајте за тоа. Прифатете дека сето ова е дел од процесот и дека досадата е дел од врската и со искрени разговори може да се надмине.

ФАЗА НА ПРИВРЗАНОСТ

Оваа фаза може да трае од една до десет години. Направивте избори кои се однесуваат на вас и на вашиот партнер. Ги препознавте и прифативте мааните – и своите, и на партнерот - и сега сте во здрава врска.

Повеќе му верувате на партнерот и се чувствувате посигурни во врската. Можете да бидете она што навистина сте и да ги правите работите за кои се грижите, а притоа да останете поврзани со партнерот и да го правите заедно она во кое и двајцата уживате.

Знаете како да ги надминете лошите периоди и да уживате во добрите. И покрај овие лоши моменти и периоди, сепак уживате во друштвото на вашиот партнер. Всушност, дури сега сте навистина, опуштени, уживате во врската. Не ви треба друга личност затоа што вие го избирате вашиот партнер, речиси секој ден. Постигнавте здрава рамнотежа помеѓу моќта, слободата, љубовта и припадноста.

реклама

Не простуваат лесно: Хороскопски знаци кои најдолго се лутат

Read more

Клуни одбил 35 милиони долари за еднодневно снимање реклама

Read more

Знаци што покажуваат дека старата љубов уште ве нема преболено

Read more

Првата студија покажа: Омикрон успешно го избегнува имунитетот стекнат по природен пат

Read more

Љубов и секс

Фетишот на стапала е еден од најчестите меѓу мажите

Read more

Маратонскиот секс не e гаранција за оргазам

Read more

Знаци што покажуваат дека старата љубов уште ве нема преболено

Read more

Хороскопски знаци на кои празничната магија ќе им донесе среќа во љубовта

Read more
 

Магазин

Сигнали кои предупредуваат дека не внесувате доволно протеини

Читај повеќе

Не простуваат лесно: Хороскопски знаци кои најдолго се лутат

Читај повеќе

Подварок со компири: Посен ручек со кисела или слатка зелка

Читај повеќе
  • filter

Наоми Кембел ја отвори модната недела во Дубаи и воодушеви со својот изглед

Читај повеќе

Фетишот на стапала е еден од најчестите меѓу мажите

Читај повеќе

Маратонскиот секс не e гаранција за оргазам

Читај повеќе

Трудниците со ковид имаат повеќе компликации при породувањето

Читај повеќе

Митови за протеините во кои треба да престанеме да веруваме

Читај повеќе

Знаци што покажуваат дека старата љубов уште ве нема преболено

Читај повеќе