Живот

Секојдневни навики кои го загрозуваат менталното здравје

23. август 2019 - 12:49 | М.С.

Секој ден донесуваме некаква одлука, правиме избори кои влијаат на нашиот живот. Некои одлуки можеби ни се чинат безначајни, но тие влијаат на тоа како се чувствуваме.

 Овие вообичаени навики можат да влијаат на нашето ментално здравје многу повеќе отколку што претпоставуваме.

Лош начин на исхрана

Во психологијата има поле кое се занимава со влијанието на храната на нашата психолошка состојба. Докажано е дека консумирањето преработена храна го зголемува ризикот од депресија. Затоа, внимавајте каква храна внесувате во вашиот организам.

Не се движите доволно

Колку помалку сте физички активни, толку е поголем ризикот да станете анксиозни, депресивни или хронично болни. Одвојте време за себе, прошетајте барем два часа некаде во природа.

Постојано сте под стрес

Брзиот начин на живот носи многу стресни ситуации. Сепак, можете да го држите стресот под контрола. Обидете се да дишите со дијафрагмата. Ставете ја едната дланка на стомак, другата на градите и дишете со стомакот. Градниот кош треба да остане смирен.

Не се одвојувате од мобилниот телефон

Докажано е дека луѓето што поминуваат долго време на социјалните мрежи се незадоволни од својот живот. Излезете со некоја драга личност. Ќе уживате и ќе ви се допадне.

Коментирај