Секс без табуа: За што најчесто фантазираат мажите и жените?

Сексуалните фантазии уште се табу тема, иако сексуалната револуција почна многу, многу одамна.

 

 

Социјалниот психолог Џастин Лемилер, автор на книгата „Кажи ми што сакаш: Наука за сексуалната желба и како може да ти помогне да го подобриш својот сексуален живот“ тврди дека сексуалните фантазии се сосема здрава работа и дека партнерите треба да си ги споделуваат и по можност, да ги реализираат своите фантазии.

Лемилер спроведе истражување во кое опфати повеќе од 4.000 испитаници кои одговараа на разни прашања во врска со нивната личност, како и интимниот живот, вклучувајќи ги и сексуалните фантазии.

 

Иинтересен пподаток од резултатите е дека дури 97% од испитаниците се изјасниле дека имаат бројни и чести сексуални фантазии.

Ова се најчестите кои исто така се заеднички и за мажите и за жените:

Секс со повеќе луѓе

Ова е една од оние фантазии кои луѓето се плашат да ги изговорат на глас, особено пред партнерот. Најчесто се фантазии за секс во тројка – со актуелниот партнер, со непознати лица, со поранешни партнери – како и фантазии за свингерство и оргии.

Контрола

Без разлика дали сакаат да ја имаат контролата, или да бидат потчинети, и мажите и жените често фантазираат за овие улоги, особено ако претежно се однесуваат спротивно како сексуални „играчи“.

Желба за промена

Многу честа фантазија е забавата да се пресели од спалната соба на друга локација, а кога станува збор за секс фантазија со промена, тука спаѓаат и експериментирањата со нови пози и секс играчки.

„Забрането овошје“

И мажите и жените често фантазираат за секс со личност со која не би смееле да бидат интимни – блиски пријатели на партнерите, шефот или колега/колешка на работа. Исто така честа секс фантазија е водење љубов на забрането место, најчесто во јавност.

Фетиши

Лемилер со жалење констатира дека една од најчестите сексуални фантазии на луѓето е всушност реализирање на нивните фетиши. Сексуалните фетиши уште се големо табу и многу луѓе не им се доверуваат за овие специфични сексуални желби на своите партнери и тие остануваат само во доменот на фантазијата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе