Дали сте пробале некоја од нив и сте имале слично искуство?
Повеќето од нас имаат сексуални фантазии, но нивното постоење не секогаш значи дека тие ќе се остварат во реалниот живот.
Меѓутоа, што се случува кога луѓето се обидуваат да ја остварат својата фантазија или кога навистина го направат тоа?
Темата се отвори и на популарната платформа Reddit каде корисниците споделија кои сексуални фантазии ги пробале во реалноста и не би ги направиле пак. Други споделија непријатни искуства што им ги раскажале блиски луѓе.
„Еден пријател од средно ги покри интимните делови на девојка му со чоколаден сируп. Таа доби упорна габична инфекција од тоа“, напишал еден од корисниците.
„Секс во пустина ноќе, по враќањето од Вегас. Морничавите пустински ѕверови не спијат ноќе“, коментира друг.
„На потешкиот начин дознав дека ако го ставиш пенисот во чаша црвено вино, виното оди директно во уринарниот тракт. И тоа е многу непријатно чувство! Многу!“, сподели трет.
„Секс во библиотека. Насекаде има камери и - ќе ве фатат“, пишува еден коментатор. „Порано работев во библиотека и имавме училници во кои можете да резервирате еден час, два или три. Тие беа прилично звучно изолирани, но имаа големи прозорци во кои секој што поминуваше можеше да ги погледне. Така луѓето ставаа табла пред прозорецот, па сите знаеја што се случува зад неа.“
„Верувајте ми, тоалетите во авионите ги прават сè помали и помали. А луѓето во авионот секогаш ве забележуваат“, вели еден од коментарите.
„Искрено не разбирам како луѓето не би забележале, освен ако не сте во прва класа или на специјален лет. На крајот на краиштата, секогаш кога одите во тоалет во авион, има неколку луѓе кои чекаат надвор.“
„Повеќето фантазии за ‘секс на необично место’ според моето искуство брзо се претвора во лекција зошто луѓето обично го користат само креветот. Тоа е како да имате фантазија ‘јадење супа со лопата’. Секако, можете, но има причина зошто користиме лажици“, стои во еден од коментарите.
„Романтична заедничка бања е многу тешко да се постигне освен ако немате многу голема када. Во спротивно, насекаде има вода“.
„Сè што вклучува бивши. Верувајте ми, теоретски звучи возбудливо, но само создава конфузија.“
„Секс под туш. Ужас!“, сподели еден корисник.
„Секс во тројка. Ако сакам да разочарам двајца луѓе одеднаш, би вечерал со двајцата родители“, искрена беше една Reddit корисничка.