Љубов и секс

Секс грешки кои мажите и жените не ги простуваат

18. април 2019 - 10:59 | А.С.

Едно најново истражување даде интересни одговори за едно од најчесто поставуваните прашања во врска со сексот што ги интересира и мажите и жените: Кои грешки најчесто ги правиме во сексот?

Веб старницата за запознавање IllicitEncounters спроведе истражување во кое беа вклучени 2.000 хетеросексуални корисници.

Сосема очекувано, одговорите на мажите и жените за најчестите грешки што партнерките и партнерите ги прават во кревет, драстично се разликуваат.

Според одговорите на мажите, најчеста грешка што ја прават жените во врска со сексот е тоа што претежно не иницираат самите секс, а 64% од испитаниците рекле дека сакаат партнерките почесто да им се јавуваат.

Жените истакнаа дека не сакаат кога мажите ја прескокнуваат предиграта и веднаш преминуваат на секс.

„Сметаме дека недостатокот на сексуално задоволство дома е она што најчесто ги поттикнува луѓето во брак да имаат афера“, вели Џесика Леони, портпаролка на сајтот чии корисници доаѓаат таму да најдат партнер за прељуба.

10 грешки што им пречат на мажите кај жените

Не иницираат сексуален однос

Сакаат секс во темница

Лажни оргазми

Премногу зборуваат

Не кажуваат нешто ново и поинакво

Ги споредуваат со поранешни љубовници

Инхибираност

Не сакаат да пробаат нова поза

Убедени се дека мажите сакаат само секс

Претерано се загрижени за својот изглед

10 грешки што им пречат на жените кај мажите

Ја прескокнуват предиграта

Прекинуваат со сексот откако тој ќе доживее оргазам

Смотаност

Груби „секси разговори“

Не зборуваат после секс

Заспиваат после секс

Постојано го коментираат физичкиот изглед

Претпоставуваат дека знаат што сакаат жените

Не обрнуваат внимание на желбите и потребите на жената

Имаат физички однос без емоции.

Коментирај