Љубов и секс

Секс грешки што не се простуваат

13. септември 2017 - 20:30 | А.С.

Без разлика дали сте со партнер со кој сте во емотивна и долга врска, или со некој што се гледате повремено, па и на една вечер, ова се три работи што никој не ги простува во кревет, без разлика дали сте мажи или жени.

Претходно зборувавме за секс типови и видови на љубовници, а денешниот совет е краток и јасен: не ги правете овие три грешки.

Не слушате

Комуникацијата е важна за добар секс, а ако секој оди по свое и не го слуша другиот, тоа никако не може да реултира со нешто добро. Уживањето на партнерот/партнерката треба да ви биде подеднакво важно и треба да знаете кои пози и потеи му/ѝ се допаѓаат за да имате незаборавен секс. Не е срамота да прашате, срамота е да се правите паметни кога не сте.

Брзате

Освен ако не се работи за „секс на брзинка“ и тоа била идејата и на двајцата партнери, нема потреба од брзање. Повторно, мислете и на другиот и најдете некое заедничко темпо со кое ќе се одвиваат работите. Сексот не е натпревар, целта е двајцата да уживате, а ако брзате ќе делувате себично или ќе оставите впечаток дека сакате сѐ да заврши што е можно побрзо.

Нешто тука не мириса како што треба

Колку и да сте блиски, или колку и да не ви е гајле дали ќе се видите пак, хигиената е на прво место. Феромоните се една работа, а небањати луѓе се сосема друга.

Коментирај