Секс скандал го засени почетокот на сезоната на Нобелови награди

Нобеловата награда за литература нема да биде доделена годинава бидејќи телото што ја доделува е зафатено од скандал за сексуално злоставување.

Шведски суд денеска го прогласи Жан-Клод Арно, човекот во центарот на секс скандалот, за виновен за силување во 2011 година.

Адвокатот на Арно, Бјорн Хуртиг, рече дека ќе поднесат жалба на пресудата во случајот што според нив е класичен „лов на вештерки“.

Обвиненијата против Арно (72) потекнуваат од скандалот што сериозно ја оштети репутацијата на Шведската академија што ја доделува Нобеловата награда за литература и поттикна низа разврски и борби за превласт во институцијата.

Францускиот фотограф Арно во Шведска долго време се сметаше за човек кој може да создаде и да уништи нечија кариера во областа на уметноста. Тој и неговата сопруга, членка на Шведската академија, беа сопственици на Forum, популарен културен центар што добиваше поддршка од Академијата.

Со ваков старт почна сезоната на доделувања на Нобеловите награди за 2018 година.

Џејмс Алисон и Тасуку Хонџо се добитници на Нобеловата награда за медицина за 2018 година за нивните откритија што направија пресврт во лечењето на рак, соопшти денеска институцијата што ја доделува наградата.

„Алисон и Хонџо покажаа како разните стратегии за инхибирање на кочниците во нашиот имунолошки систем може да се користат при лечењето на карцином“, стои во соопштението од шведскиот институт Каролинска за наградата вредна 9 милиони шведски куни (околу 1 милион долари).

Наградата за медицина се доделува прва во низата Нобелови награди што се доделуваат секоја година.

Наградите за достигнувања во науката, литературата и мирот се доделуваат во согласност со насоките што ги оставил шведскиот пронаоѓач Алфред Нобел, а се доделуваат од 1901 година.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе