Секс совети од 19 век: Давај му малку и ретко

Книгата „Упатство и совети за млади невести“ од 19 век од Рут Смитерс за многумина денес е смешна, но во тоа време била водич за љубовниот живот на младите жени.

Во ова дело од 1894 година, мажите се претставени како предатори, а жените како „неизвалкани“ суштества кои мора да научат како да ги одбиваат постојаните машки напади. За да го задржат мажот и да си ја обезбедат иднината, на жените првенствено им се советува да „мораат да издржат“.

Сексот двапати неделно на почетокот на бракот е сосема доволен, а на жената останува да се потруди со текот на времето да ја намали таа бројка. Тоа може да го направи преправајќи се дека има главоболка или некоја болест, а може и да се преправа дека спие цврсто.

Ако мажот сака да ја бакне во уста, секако би било пожелно да ја сврти главата така што неговите усни завршуваат на нејзиниот образ. Добра пречка е да започнете расправија еден час пред можниот однос. Тоа сигурно ќе го „олади“.

Според оваа книга, мажите не треба да се поттикнуваат на секс, бидејќи така ќе сакаат да го практикуваат секој ден. Авторката, исто така, ги предупредува жените дека мажите се „по природа перверзни“ и дека на памет може да им дојдат секакви идеи. Жените треба да бидат особено внимателни кога станува збор за „ненормални пози“ и „користење на устата на различни делови од телото“.

Рут забележува дека голотијата, секс приказните, гледањето фотографии и цртежи кои прикажуваат или сугерираат секс се „одвратни навики кои мажот веројатно ќе ги стекне ако му се дозволи“.

А ако сексот веќе се случува, жените треба да внимаваат да го прават тоа во темница. Освен тоа, добро би било да носите и дебели ноќници кои не се соблекуваат. Важно е и пред и за време на самиот чин да „одмарате што повеќе“ и да не го охрабрувате мажот уште повеќе. Совет до жените е да не им помагаат на своите сопрузи да дојдат до креветот во темницата, бидејќи „со малку среќа може да паднат и да се повредат, а тоа е добар изговор за да нема секс“. Но, ако сепак успее и се обиде да се вовлече под ноќницата, еден од изговорите може да биде дека итно треба да одите во тоалет.

Се споменува и дека паметните жени треба да ги усовршат сопствените методи за одбивање и обесхрабрување на нивните сопрузи од секс.

До петтата година од бракот, овој „непријатен настан“ треба да се намали на еднаш месечно, а до десетгодишнината повеќето жени треба да можат целосно да го исфрлат сексот од спалната соба. Дотогаш, повеќето брачни парови веќе имаат деца и повеќе не треба“, пишува Смитерс, инаку сопруга на свештеник.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе