Љубов и секс

Секс совети: Поза мачка за двоен оргазам

3. јули 2018 - 19:48 | А.С.

Женскиот оргазам во голема мера уште е мистерија. Не само за повеќето мажи кои не знаат како да ја задоволат жената, туку за чудо и за жените кои не го познаваат доволно сопственото тело и не знаат што им годи или не си дозволуваат да се препуштат на уживањето.

Сексолозите ја предлагаат позата мачка што е една варијанта на мисионерската поза и е одлична за стимулирање на клиторисот, па веројатноста и двајцата партнери да доживеат оргазам е многу голема.

Сексот почнува во мисионерска поза, за полесна пенетрација. Потоа мажот не треба да се потпира на дланкте, туку полека да почне да се спушта надолу и да ја префли тежината на лактите и колената.

Целта е да бидете што е можно повеќе припиени еден до друг за да може мажот со пенисот да го стимулира клиторисот при пенетрација.

Многу е важно при оваа поза да го одредите точниот притисок и блискост на телата и никако не е предвидена за групи и брзи движења. Оваа поза наликува на деликатен танц, па нежноста и прецизноста се исто така многу важни.

За појака стимулација жената може да ги подигне колковите кон телото на мажот. Позата е идеална за долг секс бидејќи постепено доведува до оргазам, но кога ќе се постигне е многу интензивен особено за жената.

Коментирај