Секс теми на кои мора да разговарате со партнерот

За да може врската да функционира совршено, треба да има добра комуникација во неа. Тоа не значи само разговори за секојдневните работи, туку и оние за „скокотливи“ теми, како што е сексот.

Паровите кои зборуваат за секс имаат 10 пати поголема веројатност да имаат среќна и квалитетна врска. Сепак, понекогаш е тешко секој да се отвори и да зборува за своите преференции и сексуални желби.

Ова се темите за кои партнерите мора да разговараат:

Како вашето семејство и воспитување ве научи да размислувате за сексот?

Идеално, родителите треба да нѐ научат дека треба да имаме отворени, неосудувачки ставови за сексот. За жал, малку луѓе спаѓаат во оваа категорија. Воспитувањето од строги, конзервативни родители може да остави длабока трага.

Ако за секс ви било зборувано со негативна конотација, најверојатно нема да станете авантурист кој е подготвен да проба нови работи и да ужива во нив. За да го разберете вашиот партнер, треба да знаете на што се базира неговиот систем на верувања.

Какво ви е либидото?

Некоординираното либидо може да биде причина за големи проблеми. Ако сакате да си го олесните животот, изберете некој што сака секс толку често колку и вие. Ова може да биде потешко отколку што изгледа, затоа што кога нешто е ново, желбите стануваат уште поголеми, а нашите тела и мозоци се преплавени со љубов и хормони.

Кои се вашите сексуални граници?

За некои луѓе, сексот е романса и интимност. За други, тоа е еротика и обид за нови работи. Таквите луѓе се за сите видови сексуални односи, а рутината им е најголем непријател.

Проверете кој тип е вашиот потенцијален партнер: Прашајте го кое е неговото омилено време за водење љубов, што е совршен секс за него и во што најмногу ужива? Потоа можете да започнете уште подетално истражување.

Зборувајте за сексуални граници, користење играчки, гледање порно заедно и многу повеќе. Колку подобро ќе се запознаете, толку ќе биде поотворена вашата врска.

Зборувајте за тоа што ви се допаѓа, а што не

Секој човек има свои сексуални „да“ и „не“: она што може да го доведе едниот до екстаза и задоволство, лесно може да биде разочарување за друг.

Со читање на говорот на телото на вашиот партнер, можете да разберете што му се допаѓа, а што не, но многу подобар начин да ги разберете сексуалните потреби на вашиот партнер е да разговарате. Стравот од навреда на саканата личност е обично она што ги спречува луѓето да им кажат што да прават, а што не. Ако сакате да промените нешто што го прави вашиот партнер, кажете: „Би сакал да го правиш ова повеќе“, наместо: „Мразам кога го правиш тоа“.

Разговарајте за тоа што ви се допаѓа и како тоа може да ве доведе до оргазам

Направете чекор понатаму и признајте ги вашите најдлабоки, најмрачни желби, каприци и ќе го смените сексуалниот живот од „добар“ во „спектакуларен“. Кажете му што ве доведува до оргазам, но обидете се да откриете што му треба. Таквото сознание ќе ви го промени животот.

Ако сте имале лошо сексуално искуство

Секоја траума остава длабока ментална трага врз нас. Ако му верувате некому целосно и ако се чувствувате безбедно, споделете му ги вашите тајни. Ако вашиот партнер има екстремни или збунувачки реакции на сексот, можно е да доживеал некоја траума за која не разговарал со вас.

Бидете трпеливи, почекајте додека не изградите доверба, а потоа прашајте го дали сака да разговара со вас за тоа.

Разговарајте ако врската западнала во рутина

Дури и паровите кои често зборуваат за секс можат да влезат во рутина. Повеќето парови имаат секс на ист начин. Сепак, нашите тела реагираат помалку ако постојано се подложени на иста стимулација. Ако не уживате во сексот како порано, на крајот ќе почнете да го избегнувате.

Разговарајте за тоа со вашиот партнер, обидете се да му ја претставите ситуацијата, а потоа понудете му малку да ги „загрее“ работите.

Менувајте ги работите, удоволете си

Нормално е нашите вкусови да се менуваат со текот на времето. Она што нѐ привлече минатиот месец, можеби сега не е интересно за нас. Направете листа на нови работи што можете да ги направите заедно. Ова ќе донесе нова енергија во вашата спална соба. По добар половина час, пофалете го партнерот, тоа ќе ја зголеми неговата желба следниот пат да отиде чекор подалеку.

реклама

Хороскопски знаци на кои постојано им е потребно внимание

Read more

Србин уапсен во Грција, Хрватска го бара за воени злосторства

Read more

Дончиќ ги смени навиките и никогаш не изгледал подобро

Read more

Македонија или Див Запад: „Жолта минута“ на Арбер Адеми од ДУИ

Read more

Љубов и секс

Често имате еротски соништа, што може тоа да значи?

Read more

Секс на плажа: Што треба да знаете за да одбегнете катастрофа?

Read more

Научниците открија колку всушност трае добриот секс

Read more

Како да ја оживеете намалената желба за секс?

Read more
 

Магазин

Како да го ублажите чешањето по каснување од комарец?

Читај повеќе

Instagram модел: Хејли Мексвилд

Читај повеќе

Не е само алкохолот: Кои пијалаци го замастуваат црниот дроб?

Читај повеќе

Банана торта без брашно, шеќер и млеко

Читај повеќе

Што се висцерални масти и кога се опасни по здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Согорете многу калории за кратко време: Правете ги овие вежби секој ден

Читај повеќе

Често имате еротски соништа, што може тоа да значи?

Читај повеќе

Хороскопски знаци на кои постојано им е потребно внимание

Читај повеќе

Пет симптоми по кои ќе ја препознаете летната депресија

Читај повеќе