Секс за една вечер: Што треба да знаете?

Во чиј стан ќе завршите на крајот на вечерта не е единственото нешто за кое треба да размислите кога планирате да имате секс за една вечер.

Без разлика дали сте маж или жена, сексот за една вечер носи огромна доза возбуда, но и ризици за кои треба да бидете свесни. Бидете одговорни кон себе и своето тело и следете го овој водич за безбеден секс за една вечер.

Ограничете се на две пијачки

Ако сте од оние луѓе кои не знаат да запрат со пиење, особено кога друштвото не е во близина да ве „контролира“, покажете зрелост и промисленост во ваква ситуација и напијте се доволно за да се опуштите, а не да отидете до станот со влечење. Алкохолот исто така го намалува либидото, а сигурно сакате сексуалната желба и функција да ви бидат на највисоко ниво.

Носете заштита

Ако сте жена, без разлика дали користите контрацептивна пилула, тоа ќе ве заштити од непланирана бременост, но не и од сексуално преносливи болести. Повторно, без разлика на вашиот пол, кога сте расположени за ваков тип на акција, дојдете подготвени и понесете кондоми. Не би сакале да ризикувате да го прекинувате моментот на страст со трчање до трафика, или полошо, да имате незаштитен секс за една вечер.

Прв и последен пат

Сега кога ги надминавме „техничките“ детали, време е за задоволството. Оваа личност најверојатно не ја познавате, барем не сексуално. Затоа, ваквите средби се совршени за целосно опуштање и споделување на вашите желби. Оваа личност најверојатно нема да ја видите никогаш повеќе, па оставете ја срамежливоста и инхибициите на врата, дојдовте по добар секс. Кажете што сакате и почитувајте ги туѓите желби.

Не се плашете да пробате нешто ново

Ако сакате да отидете еден чекор понапред со „храброста“, оваа прилика може да ја искористите да го проширите вашиот сексуален репертоар. Пробајте нова поза, секси дијалози или играње улоги. Секако, сѐ треба да се случува со целосна согласност на двете страни. Двајцата знаете зошто сте тука, па нема причина за срамежливост. Опуштете се и остварете ги вашите секси фантазии.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе