Сексот е уживање, но и лек и превенција од болести

Сексот е една од најубавите форми на уживање, но покрај задоволство, оваа активност нуди низа позитивни дејства врз организмот, вклучувајќи јакнење на имунитетот.

Мажите кои уживаат во секс барем два пати неделно имаат двојно помал ризик од инфаркт, во споредба со мажите кои тоа го прават само еднаш месечно, потврдија најновите истражувања.

Редовниот секс помага и да имате поквалитетен сон, да се ослободите од стресот, да согорите калории, да ги ублажите менструалните болки и да стопите некоја калорија повеќе.

Сексот го подобрува имунитетот, го активира производството на имуноглобулин со што се зголемува способноста на телото да се бори против болести и создава одбранбен систем.

Редовниот и добар секс го намалува високиот крвен притисок подеднакво ефикасно како и лекови, покажа едно најново истражување што беше презентирано на Државниот универзитет во Грузија.

За лошиот или непостоечкиот сексуален живот најчесто се виновни стресот, физичкиот умор, здравствени и финансиски проблеми, како и влошените односи со партнерот. Ако главоболката е причина за да одбегнете сексуални односи, треба да знаете дека поголеми се шансите болката да ви помине од една „жешка сесија“ со партнерот/партнерката.

Пет пати поголема доза на хормонот на среќа

Докажано е дека во моментот кога се случува оргазмот, нивото на окситоцин се зголемува за пет пати, што доведува до моментно ублажување на болката, велат лекарите. При оргазам се лачи и хормонот дехидроепиандростерон кој го подобрува имунитетот и ја подмладува кожата, правејќи ја витална и здрава.

Мажите кои имаат оргазам барем два пати неделно генерано живеат подолго од оние кои имаат еден оргазам во неколку недели. Се подобрува циркулацијата поради зголемениот број на отчукувања на срцето за време на сексуалниот однос и дотокот на свежа крв во органите и клетките. На овој начин човечкото тело се ослободува од умор.

Топете се од љубов

По водењето љубов, телото се опушта и може слободно да потонете во цврст сон што е многу важен за регенерација на организмот.

Редовниот секс помага и за слабеење – колку почесто имате секс, толку повеќе калории топите.

Само со страсно бакнување се активираат 35 мускули и трошите две калории по минута, што е двојно повеќе од редовната стапка на метаболизмот (Колку за споредба, трошите 11,2 калории по минута со трчање на трака).

Сепак, треба да знаете дека сите пози не топат исто калории, туку само оние што активираат повеќе групи мускули.

Мисионерската поза е најдобра за мажите бидејќи ги активира мускулите на рацете и нозете. Активен секс во оваа поза околу половина час ќе „изгори“ 100 калории, што е еднакво на едно пиво и 2-3 орео колачиња.

За жените е добра секоја поза што бара префрлање на тежината на стапалата. Се препорачува позата во која жената е клекната одозгора.

Лежечките пози ги активираат стомачните мускули, така што е делотворни и за мажите и за жените (под услов, нели да не лежите без никаква акција, што всушност и воопшто не е забавно за никого). На овој начин не ви бегаат 50-тина калории, зависно од времетрањето на сексот.

Исто така е многу важно да водите љубов најмалку 15 минути за да почне фазата на горење калории, а постапката да ја повторувате секој ден за да има долготраен ефект.

Истражувањата покажале дека со половина час страстно водење љубов, мажите согоруваат 101 калории, а жените околу 69.

Само со предигра од 20-тина минути жените може да изгорат 87 калории, а мажите 107.

Откачување и соблекување на градникот со двете раце троши 8 калории, со една рака 18, а со заби 67 калории.

Една стриптиз точка ќе стопи 60 калории, а орален секс 100 калории.

Секс од стоење ќе ве ослободи од вкупно 600 калории за двајцата, а само оргазмот ќе сстопи 60 до 100 калории.  

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе