Дали да раскинете или да останете во врска ако сексот не е добар?

Сексот не е сѐ во врската, но е значаен дел од неа. Истражувањата покажале дека една четвртина од задоволноста од врската доаѓа од физичкиот, односно интимниот контакт со партнерот.

Но, тоа важи само кога сексот е добар. Сосема е во ред да си го поставите прашањето „Дали треба да раскинам ако сексот не е добар?“ бидејќи лошиот секс може да биде индикација дека личноста со која сте во врска не е добар партнер воопшто.

Но, не судете пребрзо. Не се сите ситуации со лош секс исти, има и такви на кои можете да поработите и да се подобрат. Дали треба да раскинете или да работите на случајот? Сексологот Трејси Кокс советува како да се поставите во различни ситуации кога сексот во врската не е добар.

Нема хемија меѓу вас

Дали е лош знак ако уште од самиот почеток на врската не летаат искри и не се нафрлате еден на друг во секоја можна ситуација? Краткиот одговор е „да“. Ако сте имале секс само неколкупати, а страсното бакнување не завршува со неконтролирана желба да се расоблечете и да имате секс „сега и овде“, тоа не е добар знак. Страсни бакнежи, скришни пофаќања, непристојни предлози... ако ова не се случува во почетокот на врската, не очекувајте дека ќе се случува по шест месеци во врска, а не па по 20 години. Љубовта без страст (барем на почетокот), обично е само добро пријателство. Тука зборуваме за немање нагон ни од ваша страна, ни од другата.

Дали може да се развие хемија меѓу партнерите со тек на време?

Ако и двацата сте емотивно здрави и не сте уште „заглавени“ на поранешен партнер, искрениот одговор на Трејси Кокс е – најчесто не. Но, има исклучоци.

Ако вие или партнерот сте имале лошо сексуално искуство во минатото поради кое имате „уплав од секс“, можеби се плашите да се предадете на страстите. Или можеби едниот од вас бил повреден во претходни врски бидејќи се предавал целосно прерано, па сега се плаши да се отвори. Во вакви ситуации вреди да одите на советување за двојки и потоа да видите како ќе се чувствувате – дали таа личност треба да ви биде само пријател или може да ви стане и љубовник.

Хемијата нема да ви гарантира дека цел живот ќе имате одличен секс или длабока љубов, но сигурно е одличен почеток и ќе ви даде мотивација да продолжите да инвестирате во врската. Дури и добрите врски имаат здодевни периоди, но хемијата е она што нѐ одржува, што нѐ поттикнува да се трудиме околу партнерот и врската наместо да ја треснеме вратата на заминување при првата препрека.

Партнерот е неискусен или има лоша техника

Техниката е нешто што може да се научи. Ако другите квалитети на партнерот ви се допаѓаат и ви одговараат и ако сте подготвени и трпеливи да го научите како да биде (по)добар љубовник, ова е проблем што се решава.

Не заборавајте дека сексуалното неискуство нема врска со бројот на сексуални партнери на еден човек. Многу луѓе кои имале кратки врски и бројни секс средби за една вечер немаат поим како да го одржуваат сексот возбудлив во долга врска. Трикот за  решавање на овој рпоблем е да ја преземете улогата на учител и да го водите партнерот без да бидете премногу очигледни во намерата.

Почнете бавно: не брзајте да ја поминете предиграта и држете се до основните елементи додека и двајцата не се чувствувате поопуштено и поудобно. Давајте насоки за тоа што ви се допаѓа и што сакате, но немојте да се претворите во инструктор. Ако повеќе ви оди со практично покажување, наместо со усно искажување, применете го тој метод. Добра идеја е да мастурбирате пред партнерот, а тој да следи „од прва клупа“ што ви годи. Друг добар трик за зголемување на самодовербата на партнерот е да пробате нешто ново што и вие не сте го правеле претходно, за да имате двајцата ново искуство што сте го доживеале заедно.

Пробајте да одолеете на нагонот намерно да ги покажете сите ваши сексуални вештини уште на самиот почеток на врската. Да, неискусниот партнер има што да научи од вас, но ако го „нападнете“ со лекции може да направите да се чувствува неадекватно и непсособно. Исто така, обидете се да се воздржите од детални забелешки и критики веднаш по сексуалниот однос. Дури и ако се позитивни забелешки, едно „Ова беше супер“ е сосема доволно. Не сакате да си помисли дека ставате оцени на секој „перформанс“.

Исто така, имајте на ум дека е лесно да научите некој кој сака да научи. Ако не сака, не смета дека има што да научи или да се подобри, тогаш јасно е дека тој партнер не сака да работи на врската.

Нема авантуристички дух

Овој проблем најчесто доаѓа во пакет со недоволното сексуално искуство. Во тој случај, на вас останува да го поведете партнерот во светот на разноврсните сексуални уживања. Ако секогаш одбира мисионерска поза, најверојатно само таа ја има пробано и се чувствува сигурно во таа поза. Сексуалната несигурност е многу почеста отколку што си мислите, советува Трејси Кокс. Дури и оние со поголемо сексуално искуство знаат да се повлечат во себе со нов партнер и да почнат да се сомневаат во својата изведба. Навлегуваат во предлабоки анализи дури и за време на самиот сексуален чин, а тоа значи дека не може да се опуштат, ниту да уживаат. Накратко, страв им е да излезат од нивната комфор зона. Ваквата ситуација најчесто се решава со градење на самодовербата на партнерот со делење сексуални комплименти.

Другата, помалку атрактивна причина, е дека партнерот просто нема авантуристички дух и не сака да се потруди. Тука станува збор за себичен љубовник, а за тоа поопширно прочитајте понатаму во текстот.

Имате различен став кон сексот

Ова најчесто се случува кога партнерите потекнуваат од различни културни или религиозни средини, при што едниот е воспитан дека сексот е забавна, рекреативна активност за уживање, а другиот е научен дека сексот служи само за размножување.

Ова очигледно може да предизвика големи проблеми, но ако се потрудите и имате отворена комуникација, ги почитувате взаемните ставови и потекло и сте подготвени за компромис (и двајцата!), има надеж да најдете решение. Не е лесно, ама не е ни невозможно.

Друга можна ситуација е кога партнерот имал историја на сексуално злоставување, односно негативно искуство кое влијаело врз поимањето на сексот. Во тој случај, отворената комуникација повторно е најважна. Ако сакате и двајцата да работите на тоа врската да успее, нема причина зошто не би стигнале до стадиум каде ќе имате здрав сексуален живот. Тука клучни се трпението и комуникацијата.

Двајцата имате драстично различни сексуални апетити

Трејси Кокс го нагласува она што го советуваат повеќето секс терапевти – кога бирате партнер, потрудете се да одберете партнер со сличен сексуален апетит како вашиот. Кога либидото на едниот се промашува со либидото на другиот, односно едниот сака повеќе секс од другиот или двајцата сакаат секс, но во различно време со различен интензитет, тука се јавува голем проблем за двојката.

Има милион фактори кои влијаат врз либидото на еден човек: притисок и стрес, здравствена состојба и лекови, генетика, минати искуства, колку вешт љубовник е партнерот, како се доживува себе си како сексуално битие... Треба да имате на ум дека има луѓе кои едноставно немаат некои посебни сексуални мисли или фантазии или барем не толку често како вас. Тоа не е погрешно, но ако вие не спаѓате во таа група на луѓе, ќе имате проблем ако партнерот е таков човек. Ако вашето либидо не соодветствува на сексуалниот нагон на партнерот, тоа може да доведе до тензија, па дури и огорченост и резигнираност.

Секако, има некои методи кои можете да ги пробате. Преку отворена комуникација со партнерот може да се договорите кој е идеалниот број на сексуални односи за едниот и за другиот, а потоа за двајцата. Ако меѓу вас има љубов и сте подготвени за компромис, работете на тоа да се сретне вашето со неговото либидо некаде „на пола пат“. Она што не смеете да си го дозволите е да не преземете ништо, со нереално очекување дека ќе се среди само од себе, ќе помине или дека ќе престане да ви биде важно.

Себичен љубовник

Најверојатно ви е јасно за што станува збор, но да елаборираме: себичниот љубовник се грижи само за своето задоволство, не му е гајле дали сте уживале во сексот, дали сте постигнале оргазам, дали било различно од претходно. Сексот најчесто се одвива онака како што тој сака, а вашите желби се игнорирани. Речиси и нема предигра, а после сексот нема интимност. Смета дека оралниот секс е задоволство кое треба само да го прима, ама не и да го пружа. Вие само давате, а другиот само зема.

Ова е себичено однесување и е неприфатливо. Ако сте му кажале на партнерот дека не сте сексуално задоволени, а од другата страна не сте добиле фидбек, ниту сослушување, тоа значи дека едноставно не му е гајле за вас.

Кога некој прави напор да се подобри, особено откако сте укажале дека нешто не ви „штима“, тоа се забележува. Ќе ви поставува прашања, ќе внимава дали, кога и како се возбудувате, ја подобрува техниката, ја продлабочува интимата пред и после секс... Ако вашиот партнер не прави ништо од ова, има само еден одговор: Раскинете. Веднаш.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе