Сексуалните работнички во Британија услужуваат и во корона-криза
Британскиот сервис BBC направи истражувачка сторија за сексуалните работнички и работници во Велика Британија и откри дека рестриктивните мерки за движење и блиски контакти поради пандемијата со коронавирус не ги спречуваат да ги обавуваат нивните услуги и тоа најчесто преку домашни посети.
Новинарот Џонатан Гибсон стапи во контакт со неколку од нив и скоро сите го имаат истиот одговор: мора да работам за да преживеам.
Од Англискиот колектив на проститутки велат дека повеќето сексуални работнички се мајки и дека работат бидејќи очајнички им се потребни пари за да ги издржуваат децата.