Сексуалните работници од цела Холандија им се придружија на протестите во Хаг против ограничувањата кои ја забрануваат нивната работа, пренесе Guardian.
Демонстрантите се собраа на улиците во Хаг и потоа протестираа пред парламентот против ковид мерките, кои за нив не се променети и тие не смеат да работат.
Олеснети се мерките за многу дејности во кои постои можност за близок контакт како фризери, салони за убавина и масери и тие од денеска имаат дозвола за работа, но не и сексуалните работници.
„Сексуалните работници мора да се носат со посебната природа на таа професија, а тоа е близината, но и со сите ризици од пренесување на вирусот“, изјави холандскиот премиер Марк Руте.