ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

Села и Гаши ја официјализираа коалицијата под слоганот „Една држава за сите”

Политичките лидери на Алијансата за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши и официјално денеска го потпишаа договорот за коалиција на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. Лидерите на двете партии кажаа дека слоганот на нивната коалиција ќе биде „Една држава за сите”. Лидерот на Алијансата за Албанците, во своето излагање посочи дека оваа е момент на емоции, затоа што постојано „има сили кои без прекин работат против нивната коалиција“.

- Немам дилема дека овој моментот на соединување за нас како Алијанса за Албанците и за Алтернатива, е многу важен момент. Со овој потег ние правиме чекор напред кон зајакнување и зголемување на албанскиот глас. Ова е целта на нашата коалиција, која ќе чекори сигурно за донесување на промените на 12 април, долгоочекувана промена во албанското општество тука во Северна Македонија. Кога зборувам за промена мислам за враќање на демократијата што недостига внатре во албанското општество. Вака ние ги разбираме овие 18 години, каде како резултат на изборите не е сменета политичката партија која владеела кај албанското општество и на овој политички монизам ние заедно со вас, заедно со албанскиот народ ќе му ставиме крај на 12 април. Оваа дата не треба да биде денот кога овој наш договор ќе престане да важи, туку 12 април е денот кога нашиот договор ќе се засили со глас од Албанците, еден на еден, односно 13-ти е денот кога ќе ја чувствуваме промената и тоа што заедно со Африм го потпишавме „Државата за сите”. Преку овој слоган ние веруваме дека ќе допреме до сите граѓани на Северна Македонија, на начин што оваа држава да ја направиме поеднаква, поправедна, за оваа држава да не биде само на политичарите и на нивните касти, туку и еднаков да биде и за граѓаните”, изјави Села.

Слична беше и изјавата на лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, кој истакна дека соединувањето на овие две политички албански субјекти нема за цел одмазда, нема за цел говор на омраза врз Албанците или другите заедници.

- Тука сме да изјавиме дека после 12 април ние ќе се грижиме за сите Албанци, без разлика за која партија тие ќе гласаат, тие треба да се сигурни дека ние ќе им служиме на сите без разлика на нивните политички и други уверувања. Правиме сѐ за „Државата за Сите” да ја живееме после 12 април. За нас поважно е денот што следи после 12 април, отколку деновите до 12 април. Уверен сум дека победата на 12 април е сигурна. Но, нашата одговорност расте после овој ден. Ние сакаме да не ги разочараме Албанците и другите граѓани што живеат тука, сакам да има еднаквост, правда и сите тие процеси што се почнати да ги унапредиме, а другите што не се започнати или пак погрешно реализирани, да ги редефинираме и разгледаме за да бидат општо добро. Денот 12 април за сите граѓани во Северна Македонија треба да биде обичен ден на гласање, но за албанските гласачи 12 април треба да биде референдум за промена, кажа Гаши.

На новинарско прашање дали со потпишувањето на овој чин веќе нема надежи за трипартиска коалиција, Села одговори дека тие што биле за соработка и обединување за да се унифицира гласот на Албанците денеска се тука и на тие што сами се исклучија им посака успеси и апелира да се фокусираат на промените.

На прашањето дали и со кои албански или македонски политички партии би коалиционирале пред и по избори и што мисли за најавата за предизборната коалиција меѓу СДСМ, ДПА и БЕСА, Села одговори: „Сѐ додека нема да има држава за сите, сѐ додека институции на Европската Унија ни кажуваат дека постои дискриминација по етничка основа во Македонија, сметам дека уште не се создадени услови за да имаме такви предизборни коалиции. Јас како претседател на Алијанса за Албанците, мислам дека нема ни да влегуваме во такви предизборни коалиции“.

Гаши информира дека тој ќе биде носител на листата во изборната едница 2, додека Села во ИЕ 6 и додаде дека за нив бројките никогаш не претставувале проблем. Рече дека верува дека тие како лидери на партии треба да го предводат овој изборен процес, а не да се кријат под други имиња.

Села посочи дека од потпишувањето на договорот нема да има пратеници на Алијансата и на Алтернатива, туку ќе има пратеници на народот што ќе придонесуваат за промени.

Села спомена неколку области кои ги вклучиле во нивната изборна програма: ќе побараат од земјите на ЕУ во Северна Македонија да се објави Прибе 3 за да се оцени спроведувањето до каде се препораките од Прибе 2 и да дадат нови препораки, ќе побараат од земјите на ЕУ да се донесат експертски групи и да се отворат повторно сите предмети кои се поврзани со висок политички криминал, животната средина, адекватна правична застапеност врз етничка и родова припадност, за кои, тие предлагаат закон, нудат решение за решавање на проблемот со државјанствата…

На новинарско прашање околу денешната изјава на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека не се плаши од пораз, Села рече дека Ахмети знае дека со победата на Алијансата за Албанците и Алтернатива ќе дојде рамноправноста, правдата и можноста за сите граѓани во Северна Македонија.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе