ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Селадес бара алиби: Аталанта има пеколен напад, а ние се мачиме со повреди

Десеткуваната Валенсија вечерва му гостува на најефикасниот тим во Европа, па тренерот Алберт Селадес однапред си најде изговор за евентуалниот пораз.

Валенсија се мачи со бројните отсуства поради повреди, а сега ја чека тешко гостување. Оди во Милано на мегдан со немилосрдната Аталанта чија тактика ја краси безглавото напаѓање. Филозофијата на бергамашите е да се полни мрежата на противникот, дури и по цена да се примат голови.

„Ќе се соочиме со еден и тоа како напаѓачки тим, водечки по постигнати голови во Серија А и Европа, кој игра одлично сезонава. Тие обожуваат да итаат напред. И покрај сите отсуства кај нас ќе се обидеме да им парираме со оние играчи кои ги имаме на располагање“, вели Селадес кој во играчката кариера настапуваше за Барселона, Селта, Реал Мадрид, Сарагоса.

Селадес вечерва поради повреди нема да може да смета на голманот Јаспер Силесен, дефанзивците Габриел Паулиста (плус е суспендиран), Есекиел Гарај, Кристијано Пичини, Алесандри Флоренци, играчот од средината Франсис Кокелан, крилото Ману Ваљехо и голгетерот Родриго.

„За жал, ние се навикнавме да имаме многу повредени играчи. Она што е жалосно е што тие играчи не можат да бидат тука и да уживаат во овој натпревар. Од друга страна, ова е одлична шанса за тие што се овде со нас. Едноставно мораме да се адаптираме на околностите“.

Покрај многуте повредени, Валенсија ја мачи и лошата форма, а особено слабите резултати на гостински терен.

„Нашата гостинска форма не е добра, но и покрај тоа забележавме некои добри резултати на гости сезонава - победивме во Лондон и во Амстердам (1:0 и кај Челси и кај Ајакс). Игравме добро во Лигата на шампионите. Сега сме посветени на вечерашниот натпревар“, заврши стратегот на Валенсија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе