Селектирањето отпад и грижата за животната средина почнуваат од секој од нас

Селектирањето на отпадот и грижата за животната средина во која сите заедно живееме, почнува од секој од нас. Никој друг не може да го земе пластичното шише од вашиот дом и да го фрли во контејнерот за селекција освен вие самите, а вашиот избор не е само ваш, туку и избор за тоа како ќе живеат вашите деца, порачуваат од „Пакомак“ од каде упатуваат совети за правилно селектирање отпад.

Во спротивно, посочуваат, стаклениот, пластичниот и хартиениот отпад завршуваат на депониите кои имаат ограничен капацитет, каде скапуваат и ги загадуваат водата, воздухот и почвата во која ја растеме храната за нас и нашите деца.

– Животната средина е местото каде што постоиме, се движиме, работиме, дишеме. Таа е основна човекова вредност и право, кое сме должни да го заштитуваме и унапредуваме. Заштитата на животната средина е темелна вредност дури и на уставниот поредок на нашата држава. Имаме право на чиста животна средина, но што е со нашите должности кон истата?, соопштија од „Пакомак“.

Оттаму појаснуваат дека заштитата на животната средина во Македонија претставува еден од најголемите предизвици на денешницата. Таа е, како што велат, наша должност, а негрижата за истата директно ни влијае на сите нам, кои од неа ги црпиме ресурсите кои ни се потребни за живот: вода, храна, воздух…

Според „Пакомак“, овие ресурси не се лесно обновливи, а се лесно уништливи, селекцијата на отпадот е огромно олеснување, се разбира доколку го сфатиме нејзиното значење и влијание.

– Секој би требало да има на ум дека со заштитата на животната средина се штити себеси. Кога ќе ја достигнеме свеста дека е неопходно да ја чуваме околината во која живееме, парковите, игралиштата, излетничките места, шумите, езерата и живиот свет, ќе сфатиме дека само така го зачувуваме сопственото здравје. Посебно сега, кога контејнери за селекција има во секоја населба и во секој поголем маркет, ја имате можноста да бидете промената што сакате да ја видите во општеството. Потребен е минимален напор да се селектира отпадот, а разликата е огромна, истакна Ико Брдароски оперативен директор во „Пакомак“.

Како што посочуваат од „Пакомак“, во жолтиот контејнер за пластика да се фрлат пластичната амбалажа и лименките. Тука спаѓаат и шишињата од детергенти, омекнувачи, оцет и масло. Во зелениот стаклените амбалажи од шишиња и тегли.

– Во синиот контејнер за хартија фрлете ги амбалажите од хартија. Тука спаѓа и тетрапак отпадот, како пакувања од млеко, сокови, сосови… А доколку имате поголема количина на амбалажен отпад во вашиот дом, повикајте ги службите на локалното јавно претпријатие да ја превземат. Заедно, да бидеме промената што сакаме да ја видиме во општеството и да изградиме подобра и почиста иднина за нашите деца, се наведува во соопштението на „Пакомак“.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе