Женската репрезентација на Македонија ја очекуваат последните два натпревара од квалификациите за пласман на ЕУРО 2025, кое ќе се одржи во Швајцарија.

Во рамките на претпоследното коло од групата 2 (Лига Ц од Лигата на нации), нашите фудбалерки на домашен терен ја пречекуваат Латвија. Дуелот е закажан на 12 јули, со почеток во 19 часот, на Тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Првично натпреварот беше закажан за 17:30 часот, но по интервенција на УЕФА, а поради високите температури, почетокот е поместен. Во првиот дуел одигран во Рига, Македонија славеше победа со 4:3.
Во последното коло, Македонија на 16 јули (вторник) на гостински терен, со почеток во 19 часот ќе се соочи со фаворитот во групата, Словенија. Во првата пресметка во Скопје словенечките фудбалерки славеа убедлива победа од 5:0.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Александар Андов, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голманки:
Берна Кабакчи - Карсон (САД)
Викторија Панчурова - Тиверија
Кристина Павлоска - Шкендија
Одбрана:
Ана Милчевска - Ланчхути (Грузија)
Ане Бошеска - Тиверија
Павлинка Николовска - Љуботен
Викторија Недева - Тиверија
Катерина Милеска - Цевитана
Кристина Мојсоска - Ас Јунајтед
Елена Панеска - Каменица Саса
Икмете Лимани - Вајнберг 67 (Германија)
Средина:
Марјана Нацева - Борусија Дортмунд (Германија)
Радица Велкова - Каменица Саса
Хава Мустафа - Шкендија
Александра Марковска - Љуботен
Симона Мајер - Макаби (Израел)
Лечне Андреевска - Хорозкентспор (Турција)
Елена Петровска - Љуботен
Наташа Андонова - без клуб
Напад:
Улза Максути - Ас Јунајтед
Гентјана Рочи - КуПС (Финска)
Лора Сулејмани - ГСПО 92 (Франција)
Афродита Салихи - Шкендија
Јована Павловска - Тиверија
За претстојните натпревари неизвесен е настапот на Гентјана Рочи, поради заработената повреда на последниот натпревар на својот клуб во првенството на Финска.