КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИБА МУНДОБАСКЕТ 2023

Селекторот Бајиќ ги одбра кошаркарите за јулските квалификации

Предводникот на македонската кошаркарска репрезентација одреди 14 кошаркари за натпреварите против селекциите на Шпанија и на Украина.

Фото: КФСМ

Селекторот на нашата машка сениорска репрезентација, Драган Бајиќ, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за јулскиот ФИБА прозорец од квалификациите за Мундобаскетот 2023.

Со оглед на краткиот временски период до првите квалификациски обврски, односно наредниот натпревар од квалификациите закажан за 1 јули кога ѝ гостуваме репрезентацијата на Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за еден потесен список од 14 кошаркари.

Првиот собир на репрезентацијата е предвиден да биде на 25 јуни во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, во 10:00 часот, каде „Црвено-жолтите“ ќе се подготвуваат до заминувањето за Сарагоса, како и по враќањето од Шпанија.

Инаку, освен дуелот со „Црвената фурија“ во Сарагоса, Македонија ќе одигра уште еден натпревар во јулскиот квалификациски циклус за пласман на Мундобаскетот. Имено, на 4 јули во „Борис Трајковски“ од 18 часот ни гостува Украина.

Повикани играчи:

Војдан Стојановски - МЗТ
Бојан Крстевски - МЗТ
Адем Мекиќ - МЗТ
Кристијан Николов - МЗТ
Дамјан Робев - МЗТ
Стојан Ѓуроски - Пелистер
Андреј Маслинко - ТФТ
Страхил Николов - ТФТ
Виктор Ташовски - ТФТ
Виктор Ефремовски - Гостивар
Валмир Какруки - Работнички
Теодор Симиќ - Барселона (Шпанија)
Андреј Јакимовски - Вашингтон Стејт (САД)
Рубин Стефанов - Римини Крабс (Италија)

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе