Селекторот на Италија и после срамот не сака да си поднесе оставка

Џан Пјеро Вентура не сака да си поднесе оставка од местото селектор на Италија додека не бидат исполнети одредени услови.

После Антонио Конте, фудбалскиот сојуз се коцкаше со Вентура, кој е искусен италијански експерт, но без некакви посебни резултати во кариерата.

На крај тоа ги чинеше Италијаните вистинска катастрофа, неиграње на Мундијалот во Русија 2018 година.

70 – годишниот Џан Пјеро Вентура поради неуспехот со „Азурите“ кои после цели 60 години ќе пропуштат Светско првенство, стана најомразена личност во Италија, а и покрај тоа што се очекуваше „морален чин“ и негова оставка поради неисполнетите очекување, тоа се уште се нема случено.

Вентура не се огласи по тоа прашање.

Неговиот договор со Италија важи уште две години и во случај на отказ му следуваат 2.6 милиони евра отштета која не би ја добил ако сам си поднесе оставка, а медиумите шпекулираат дека е на чекор од компромис со државниот тим.

Џан Пјеро Вентура наводно е подготвен да поднесе оставка доколку му понудат 700.000 евра, а оставки се очекува да поднесат и главните луѓе во Сојузот.

Италија доживеа пораз во баражот за пласман на Мундијалот од Шведска со вкупен резултат од 1:0, што предизвика голема бура на незадоволство во земјата која е навикната да биде дел од големи натпреварувања и која го освојуваше Светското првенство четири пати. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе