КВАЛИФИКАЦИИ ЗА У21 ЕУРО 2021

Селекторот на Македонија У21 го објави списокот за Шпанија и Фарски Острови

Благоја Милевски денеска ја откри листата на фудбалери до кои упатил повик за претстојните ЕУРО квалификациски натпревари.

Македонскиот селекторот ќе рачуна на 23 играчи од кои 8 од домашната лига. Собирот на фудбалерите е во Шпанија од 11 ноември каде три дена подоцна се игра и првиот натпревар против силната домашна репрезнтација. На 19-ти младите македонски фудбалери играат уште еден натпревар на гости, овој пат кај аутсајдерот Фарските Острови.

голмани:
Ристо Јанков - Работнички
Томас Мартинс Божиноски - Фејренсе, Португалија
Давид Денковски - Академија Пандев

одбрана:
Агрон Руфати - Истра, Хрватска
Есмин Личина - Македонија ЃП
Филип Антовски - Динамо, Хрватска
Тодор Тодороски - Осијек, Хрватска
Ване Јованов - Академија Пандев
Никола Серафимов - Вардар
Адриан Хајдари - Рапид II, Австрија

средина:
Давор Здравковски - АЕ Лимасол, Кипар
Кристијан Ацковски - Работнички
Енис Фазлагиќ - Жилина, Словачка
Јани Атанасов - Бурсаспор, Турција
Димитар Митровски - Спортинг, Португалија
Томче Гроздановски - ВиОН, Словачка
Сефер Емини - Македонија ЃП

напад:
Милан Ристовски - Нитра, Словачка
Дарко Чурлинов - Келн, Германија
Кристијан Трапановски - Железјарне, Словачка
Ердон Даци - Коњаспор, Турција
Емил Абаз - Борец
Марко Ѓорѓиевски - Вождовац, Србија

„Имаме две измени во однос на претходниот список. Марио Крстовски и Милош Тошевски не се повикани за овие два натпревара, но тоа не значи дека за продолжението од квалификациите нема да сметаме на нив. Нѐ радува тоа што се враќа Енис Фазлагиќ и веќе има минутажа за својот клуб Жилина, а во тимот дебитанти се Сефер Емини од Македонија ЃП кој е стандарден во својот клуб и мислам дека ќе ја зголеми конкуренцијата во репрезентацијата и Адриан Хајдари од Рапид кој веќе има настапи за македонската селекција до 17 и 18 години, како и еден натпревар за репрезентацијата на Австрија до 19 години. Двајцата дебитанти се родени 2000 година што значи дека имаат право за настап и за следниот квалификациски циклус. Всушност, седуммина во нашиот тим се од генерацијата 2000-та“, ФФМ ја пренесува изјавата на Милевски.

„Нѐ очекуваат два исклучително тешки натпревари, Шпанија е фаворит во нашата група и не треба да трошиме зборови за нивните квалитети. Ние максимално ќе се сконцентрираме на она како ние треба да изгледаме на терен и како треба да ги одиграме двата натпревара. Всушност, наша примарна работа и задача во селекцијата е да создаваме играчи кои ќе бидат конкурентни во европски рамки и способни да се спротивстават на секого без разлика со кого се соочуваат. Јас ќе бидам најсреќен ако и од оваа репрезентација создадеме профили на играчи кои во иднина ќе бидат подготвени за предизвиците кои ќе ги очекуваат во А репрезентацијата. Единствениот императив кој мораме да го имаме е како да се даде максимумот за време на подготовките и натпреварите. Ме радува тоа што од натпревар во натпревар созреваме како тим, како ментално, така и тактички“, заврши селекторот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе