Живот

Селена Гомез ја продава куќата за да собере пари за лекување?

13. февруари 2018 - 17:04 | М.Д.

Една од најпопуларните пејачки на денешницата, младата 25-годишна Селена Гомез, се бори со опасно заболување – лупус.

Селена Гомез помина низа на тешки ситуации, а минатата година нејзината најдобра другарка и донираше бубрег.

Иако таа е успешна на сцената и нејзиното богатство се проценува на неколку милиони евра, пејачката пред неколку дена се одлучила на драстичен чекор.

Имено, таа ја ставила куќата на продажба, по значително пониска цена, со цел, според изјавите на добро известени извори, себеси да си обезбеди пари за лечење.

Луксузниот дом од 10 илјади квадрати, Селена Гомез го продава за „само“ три милиони долари.

Куќата поседува пет соби и кино кое сама го дизајнирала.

Коментирај