Актерката и пејачка Селена Гомез смета дека социјалните мрежи се страшни за нејзината генерација, пренесува BBC. Таа упати апел луѓето да стават јасни временски ограничувања за нивните онлајн активности.
Зборувајќи на Канскиот филмски фестивал, каде го промовира новиот филм „The Dead Don’t Die“, 26-годишната актерка вели дека светот минува низ голема криза.
„Што се однесува до мојата генерација, за неа социјалните мрежи се ужас. Тие платформи донекаде се корисни, но ме плаши кога гледам мали момчиња и девојчиња кои не се свесни за опасностите кои демнат од овие медиуми“, вели Селена, додавајќи дека сега е доцна било што да се промени.
Таа за себе вели дека води сметка што објавува на Instagram.
„Не го користам за да ставам глупави слики туку ги објавувам со одредена намера“, вели таа.
До минатата година Селена имаше најмногу обожаватели на Instagram, но сега најследена личност е Кристијано Роналдо.