Селин Дион откри дека страда од ретка невролошка болест

Популарната пејачка Селин Дион им се обрати на фановите преку Instagram и откри дека боледува од ретко невролошко нарушување.

„Поздрав до сите. Извинете што ми требаше толку време да се вратам кај вас. Многу ми недостигате сите и едвај чекам да разговарам со вас на сцена“, рече таа.

Дион со растреперен глас рече дека конечно е подготвена на сите да им каже што се случува со нејзиното здравје.

„Како што знаете, отсекогаш бев како отворена книга и не бев подготвена да ви кажам порано, но сега сум. Имав здравствени проблеми долго време и ми беше навистина тешко да се соочам со предизвиците и да зборувам за сето она низ кое поминував“.

Таа откри дека од болеста што ја има страда еден на милион луѓе и дека поради лекувањето ќе мора да ги одложи концертите закажани за 2023 година и дека се надева дека ќе настапи дури во 2024 година.

„Неодамна ми беше дијагностицирана ретка невролошка болест наречена ‘Синдром на вкочанет човек’, која погодува еден во милион луѓе. Иако сè уште учиме за оваа ретка болест, сега знаеме што ги предизвикувало грчевите што ги имав“, рече Дион.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Имајќи предвид дека болеста е ретка, многумина не знаат за што точно се работи. Се карактеризира со мускулна вкочанетост на трупот и екстремитетите, како и зголемена чувствителност на бучава, стрес и допир, кои предизвикуваат грчеви во мускулите.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе