Селмани: Владата воведува цензура со предлог-законот за медиуми

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ја обвини владата дека сака да ја озакони новинарската етика, а со тоа да воведе цензура во медиумите.

„Велите дека поддржувате саморегулација во медиумите, а со членот 61 сакате да ја озаконите новинарската етика, со казни од 5.000 евра за медиумот и 1.500 за одговорното лице, тоа е воведување цензура. Дополнително, не ви пречеше во 2016 да поддржите 1% од буџетот за Јавниот сервис, а сега предвидувате 0,7% од буџетот. Ако МРТВ има долг од 30 милиони евра како планирате Вие со 15 милиони евра годишно да отворите нов канал на МРТВ, да ја опремите, да исплатите плати за вработени а камо ли за дигитализација?, рече Селмани на дебата за медиумски реформи.

Најмногу критики беа упатени за обврската за медиумите да емитуваат 50% македонска музика, додека претставниците на приватните медиуми го поздравија предлогот за ослободување од оваа обврска со член 92, здруженијата за заштита на авторски права реагираа дека треба да се заштити домашното производство.

Од владата велат дека ова не е финална верзија на законот, туку дека се уште има можност за предлози и забелешки.

„Наша цел е да де подобри медиумската сфера, а улогата на владата во тоа да биде минорна. Имаме цел да се департизира Јавниот сервис и Агенцијата за медиуми. Планираме еднаш месечно преку работна група на невладини и владини претставници да следиме како ќе се спроведува законот“ изјави министерот за отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

Предлог законот ќе биде отворен за увид на ЕНЕР до крајот на месецот а од владата потенцираа дека нема да брзаат со законските решенија, туку ќе ги слушнат сите засегнати страни.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе