Сем Алардајс го повикува Волкот во Евертон

Менаџерот на Евертон потврди дека овој клуб преговара со фудбалерот на Арсенал, кој од 26 април се нема најдено во почетната постава на натпревар во Премиер лигата.

Тео Волкот во јануари 2006 година, со неполни 17 години, премина од Саутемптон во Арсенал, па во јуни отпатува со репрезентацијата на Англија на Мундијалот во Германија.

Неговата кариера во следните 11 години не беше толку спектакуларна како што се очекуваше, но сепак не може да се каже дека немаше добри игри, голови и асистенции.

Како и да е оваа сезона од некоја причина Волкот е потполно отстранет од екипата на Арсенал.

Вистинска шанса доби само во Лига Европа и во куп натпреварите, додека во Премиер лигата како резерва забележа само 49 минути на пет настапи.

Во однос на тоа дека има 28 години, логично е некои клубови да сакаат да го искористат неговиот потенцијал, а најголем интерес покажува Евертон и неговиот нов тренер Сем Алардајс.

„Би бил воодушевен ако го реализираме тој трансфер, што секако нема да биде лесно да се направи. Покрај тоа што претставува непосредна закана за противничкиот гол, Тео има брзина и одличен центаршут. Ништо нема да се случи во наредните ден-два, но преговорите се во тек“, изјави Алардајс за британските медиуми, потврдувајќи ги шпекулациите за трансфер на Волкот во Евертон.

Искусниот стратег во јануарскиот трансфер период веќе го ангажираше напаѓачот на Бешикташ Ченк Тосун, за 27 милиони фунти.

Волкот, кој има договор со Арсенал до летото 2019, а би го чинел Евертон околу 20 милиони.  

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе