Семејна кавга околу наследството на Коби Брајант

МИА/КАЈГАНА
/ 19.12.2020 / 10:55

Ванеса Брајант, вдовицата на легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант, жестоко ја критикуваше мајка си, откако таа поведе судска постапка во обид да добие дел од семејното наследство, проценето на околу 600 милиони долари.

Во тужбата на 48 страници што ја поднесе до судот во Лос Анџелес, 68-годишната Софија Урбиета Лејн бара финансиски надомест за својот долгогодишен ангажман како помошничка во домот на Брајант и грижата околу нивните деца, тврдејќи дека кошаркарот ѝ ветил доживотно издржување.

„За жал, ветувањето на Коби Брајант никогаш не го дочека светлото на денот, бидејќи тој почина, а Ванеса Брајант ги презеде сите чекори да ги избегне и поништи неговите ветувања“, се наведува во тужбата поднесена од Лејн.

Отфрлајќи ја тужбата како неоснована и полна со лаги, нејзината ќерка издаде соопштение во кое наведува дека заедно со својот сопруг ѝ дозволиле бесплатно да живее во една од нивните куќи и, притоа, не ја обесхрабрувале самата да се грижи за себе, пренесе весникот Los Angeles Times.

„Сега сака да ми наплати 96 долари по час за наводна работа од 12 часа дневно во текот на 18 години, бидејќи доаѓала да се види со своите внуки. Нејзините наводи се очигледно лажни“, изјави Ванеса.

Нејзиниот сопруг Коби Брајант и 13-годишната ќерка Џијана, загинаа во хеликоптерска несреќа на 26 јануари оваа година, заедно со уште седум други патници.

Ванеса Брајант го наследи управувањето со семејниот имот што финансиски експерти го проценуваат на околу 600 милиони долари.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе