Бизнис

Семејна расправија во Шуто Оризари ескалираше во физичка пресметка, жена почина од убоди од нож

15. јуни 2019 - 14:21 | МИА

На 14.06.2019 година во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во куќа на ул.„Јуриј Розентал“ во населба Шуто Оризари, при семејна расправија, со остар предмет  и биле нанесени убодни рани во стомакот на А.Ѓ.(34) од Скопје. Од здбиените повреди таа починала на местото.

По преземени мерки било констатирано дека околу 22 часот настанала расправија и физичка пресметка помеѓу нејзиниот братучед С.Х.(39) и нејзиниот сопругот С.Х.(37).

Кратко после тоа, нејзиниот братучед заминал и набргу се вратил со нож во раката. Тогаш повторно настанала расправија и за да не биде нападнат нејзиниот сопруг, А.Ѓ. се испречила пред С.Х.(39), кој со ножот и нанел убодни рани во стомакот, по што починала на местото.

С.Х.(39) и С.Х.(37) биле приведени во Полициската станица Чаир, по што, поради здобиените повреди, со возила на Итна медицинска помош, С.Х.(37) бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а С.Х.(39) во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Коментирај