Семејството Гучи подготвува тужба за филмот со Лејди Гага: Патриција не е наша жртва

Семејството Гучи се закани на продукцијата на филмот „House Of Gucci“ со тужба поради начинот на кој се портретирани во новиот филм на Ридли Скот, а особено претставувањето на Патриција Реџани - „Црната вдовица“ како жртва.

Наследниците на Алдо Гучи (го игра Ал Пачино во филмот) тврдеа дека „продукцијата на филмот“ не „се обидела да ги консултира“ пред да ги опишат претседателот на компанијата и „членовите на семејството Гучи како насилници, неуки и нечувствителни на светот околу нив“.

„Ова е крајно болно од човечка гледна точка и навреда за наследството на кое денес се гради брендот“, се наведува во соопштението кое вчера го објави италијанскиот телевизиски сервис ANSA.

Лејди Гага ја игра Патриција Реџани, која помина 16 години во затвор поради планирање на убиството на нејзиниот поранешен сопруг и поранешен шеф на модната компанија, Маурицио Гучи (го игра Адам Драјвер).

Наследниците, кои ја водеа модната куќа Gucci 33 години до средината на 80-тите, беа особено навредени од прикажувањето на Патриција како жртва, и покрај тоа што таа беше „осудена дека е поттикнувач на убиството на Маурицио Гучи“. Националните медиуми ја нарекоа „Црна вдовица“.

Претставувањето на Реџани како „жртва која се обидувала да преживее во машка и мачо корпоративна култура е уште понепријатно“, се вели во соопштението.

Не само во филмот, ваквото сочувствително портретирање на Патриција се протега и во изјавите на членовите на актерската екипа, наведуваат наследниците на Гучи во нивната изјава, која наголемо беше цитирана од италијанските медиуми откако беше објавена.

Во неодамнешното интервју за британски Vogue, Гага рече дека не сака да „велича некој кој би извршил убиство“ преку нејзиното портретирање на Реџани, туку дека сака да им „оддаде почит на жените кои станале експерти за преживување низ историјата“.

Семејството го отфрли тврдењето во филмот на Ридли Скот дека компанијата не ги вклучувала жените.

Истакнувајќи ги овие неточности, се вели понатаму во соопштението, „семејството Гучи го задржува правото да преземе каква било иницијатива (неопходна) за заштита на своето име и имиџ“.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Филм & ТВ

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе