Семејството на починатиот Американец го бара запленетиот севернокорејски брод како отштета

Семејството на починатиот американски студент Ото Вармбир бара од САД како оштета за смртта на синот да им го дадат запленетиот севернокорејски брод.

Адвокатот на семејството, Бен Хач соопшти дека барањето за преземање на севернокорејскиот брод е предадено на судот во Њујорк. Потсетувајќи дека Ото почина кратко по неговото ослободување од Северна Кореја, каде мина една година во притвор, адвокатот рече дека без никакви сомнежи севернокорејските власти се одговорни за неговата смрт, а барањето за отштета е легално и легитимно.

Ото беше уапсен во текот на туристичка посета на Северна Кореја кон крајот на 2015 година. Во затворот неговото здравје се влоши, а на американските власти им беше испорачан во кома, во 2017 година. Почина кратко време по ослободувањето. Семејството тврди дека бил мачен.

Американските власти во април во Индонезија запленија севернокорејски товарен брод кој со извоз на јаглен ги прекрши санкциите. Семејството на починатиот студент бара како отштета за неговата смрт да им се предаде бродот тежок 17.000 тони.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе