Сенатот на САД го ослободи Трамп од обвиненијата за импичмент покренати од Претставничкиот дом

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на клучното гласање во Сенатот на САД во рамките на судската постапка за негово отповикување, беше ослободен од двете обвиненија покренати против него.

Трамп беше обвинет за злоупотреба на претседателската власт и попречување на работата на Конгресот и отповикан од Претставничкиот дом лани во декември.

Од 100 члениот Горен дом на американскиот Конгрес, 53 сенатори гласаа дека  „не е виновен“, додека 47 гласаа „виновен“, и по двата предмети од обвинението.

Само 34 гласови беа потребни за негово ослободување.

Одговорноста на претседателот на САД се утврдува во две последователни фази. Првата е отповикување или импичмент, а втората е негова смена од претседателската функци. Според Уставот, Претставничкиот дом на Конгресот на САД е надлежен за отповикување на претседателот, а Сенатот за негова смена. За време на судењето, сенаторите стануваат судии-поротници, кои ја носат конечната одлука. Отповикувањето на претседателот се врши со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Претставничкиот дом, а смената од функцијата со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број сенатори.

Првиот импичмент на претседател во САД е покренат против Џон Тилер во 1842 година, кој бил одбиен со мнозинство гласови во Претставничкиот дом. Од вкупно 45 претседатели само против четворица е прифатен импичмент, од кои тројца беа подложени на судење во Сенатот и тоа Ендру Џонсон, Бил Клинтон и Доналд Трамп.

Импичментот на Трамп почна на 24 септември 2019 година, по што Долниот дом утврди две основи за одговорноста на Доналд Трамп. Првата е злоупотребата на власта, со вршењето притисок врз странски претседател за своја политичка корист, а втората е опструкцијата на Конгресот на САД. На 18 декември, Претставничкиот дом го отповика Доналд Трамп од претседателската функција со мнозинство на гласови (230 наспроти 198). Трамп е обвинет и за опструкцијата на Конгресот  поради тоа што одби да соработува во постапката за импичмент. Исто така, тој побарал членови на власта да не сведочат во Сенатот, ниту да ги даваат бараните документи, без разлика на судските налози.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Read more

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more
 

Вести

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе