Сензација во Индијан Велс, Мареј елиминиран

Канаѓанецот Васел Поспишил приреди вистинска сензација со победата над Енди Мареј на стартот на Мастерс турнирот во Индијан Велс.

Поспишил, кој се наоѓа на 129-то место на АТП листата, по речиси два часа игра успеа да го совлада првиот светски рекет со 2:0 (6:4, 7:6).

Мареј и покрај тоа што победи во Доха пред две недели, само потврди дека е далеку од формата во која беше во финишот на минатата сезона кога се искачи на првото место на АТП листата.

Британецот во првиот сет два пати ја испушташе предноста на брејк, а Поспишил првиот сет го освои со четири гема во низа, кога од 2:4 стигна до 6:4.

Во вториот сет двајцата направија по еден брејк на самиот почеток, потоа беа сигурни кога сервираа, а во тај брејкот Поспишил експресно стигна до 6:2, а потоа и до победа.

И покрај поразот на стартот во Индијан Велс, Мареј ќе загуби само 20 бодови, бидејќи лани на овој турнир испадна во третото коло. Најголемиот успех Мареј во Индијан Велс го забележал во 2009 година кога загуби во финалето од Рафел Надал.

Поспишил во наредното коло ќе игра против Србинот Душан Лајовиќ, кој низ квалификациите се пласира на главниот турнир.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе