Сензација во Мелбурн: Медисон Киз го освои Австралија опен

Макфакс/Кајгана
/ 25.01.2025 / 13:35

Американската тенисерка Медисон Киз е победничка на овогодинешното издание на Австралија опен во женска конкуренција.

По Ига Швјонтек, втората во светот, Киз во финалето во три сета (2:1) ја совлада најдобрата на ВТА листата, Арина Сабеленка. Мечот траеше нешто повеќе од два часа, а Киз победи со 6:3, 2:6, 7:5.

19-тата носителка одигра неверојатен турнир на патот до својата прва Грен слем титула (играше и во финалето на УС опен во 2017 година). Таа не само што ги победи двете првопласирани, туку и Елина Свитолина, Елена Рибакина и Даниел Колинс.

Затоа, таа влезе полна со самодоверба во овој меч, за што најдобро сведочи нејзиниот сервис, за кој двократната и актуелна шампионка немаше одговор.

Киз доминираше во првиот сет, еден брејк ѝ беше доволен да го освои сетот. Во вториот, очекувано, Сабаленка одговори на вистински начин. Апсолутно доминираше, двапати го освои сервисот на Киз и со 6:2 се избори за трет сет.

Двете тенисерки го чуваа сервисот во решавачкиот сет, се до 12-тиот гем кога од никаде Киз дојде до две брејк и меч топки. Ја искористи втората и ја освои првата Грен слем титула во кариерата.

Утре во машкото финале бранителот на титулата Јаник Синер ќе игра против Александер Зверев.

Remote video URL
реклама

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Read more

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Read more

Објавени списоците: Дали добивте субвенции за струја?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ откри што би сакал да му пишува на надгробната плоча

Read more

Ѓоковиќ нема да игра на Завршниот мастерс во Торино

Read more

Ѓоковиќ во група со Алкарас на Завршниот Мастерс во Торино

Read more

Јаник Синер потврди дека е во врска со прекрасната Босанка Лајла Хасановиќ

Read more
 

Спорт

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Читај повеќе

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Читај повеќе

Жорди Алба се збогува со фудбалот во финалето на МЛС

Читај повеќе