Серена ја откри причината за нејзиниот најтежок пораз во кариерата

Сан Хозе, 17 август 2018 (МИА) - Серена Вилијамс откри дека една минута пред натпреварот против Јоана Конта пред две недели, кој потоа го загуби со 1:6, 0:6, таа добила ужасна вест. Станува збор дека мажот, кој е осуден за убиство на нејзината полусестра, бил ослободен со кауција.

Сестрата на Вилијамс, Јетунде Прајс беше убиена во 2003 година на 31 година.

Малку по веста за ослободувањето на обвинетиот, Серена беше на терен во натпревар од првото коло на турнирот во Сан Хозе и загуби убедливо од Конта, што беше и најтешкиот пораз во нејзината професионална кариера.

„Не можев да се ослободам од мислите“, изјави носителката на 23 Гренд слем титули.

Во април 2006 година, Роберт Максфилд беше осуден на 15 години, а Серена беше во судницата да ја чуе пресудата.

„Сепак, сестра ми нема да се врати за добро однесување“, рече Вилијамс.

Прајс беше застрелана во Комптон, Лос Анџелес, а во тоа време нејзините три деца беа на 11, 9 и 5 години.

„Не е фер што таа нема да може да ги прегрне. Беше тешко, бидејќи сè за што мислам се нејзините деца, она што значат за мене и колку многу ги сакам“, додаде Серена.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе