Серена, Ноле и Еш на листата учесници на Австралија Опен

МИА/КАЈГАНА
/ 24.12.2020 / 19:12

Американката Серена Вилијамс, која ќе се обиде да ја освои својата 24. Грен слем титула во кариерата, се наоѓа на листата учесници што организаторите на првиот Грен слем турнир во 2021 година го објавија денеска во Мелбурн.

Австралија Опен треба да се одржи од 8 до 21 февруари, а почетокот е поместен за три недели поради пандемијата на COVID-19.

– Нашата Еш Барти, првата тенисерка во светот, се враќа на натпреварувањата, како и Роџер Федерер, кој паузираше поради повреда, изјави директорот на турнирот Крег Тили. 

И српскиот ас Новак Ѓоковиќ се приклучува на листата учесници.

URL

Во саботата, Тили истакна дека „сите најдобри светски тенисери, вклучувајќи го и Федерер, најавија дека ќе дојдат во Мелбурн“.

Отсутен од тениските терени во поголемиот дел од 2020 година, поради две операции на колената, 39-годишниот Федерер кон средината на овој месец рече оти не е сигурен дека ќе учествува на турнирот во Мелбурн.

Учесниците на Австралија Опен ќе бидат сместени во хотели што ќе бидат резервирани само за тенисерите, кои ќе имаат дозвола да бидат надвор од хотелскиот комплекс по пет часа на ден, само за тренинг.

URL
реклама

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе