Тенис

Серена Вилијамс ја покажа ќерката: Имавме компликации првите шест дена

13. септември 2017 - 20:04 | А.С.

Тениската ѕвезда Серена Вилијамс утрово објави фотографии и долго видео од новородената ќерка, како и видео за нејзината бременост.

 

Meet Alexis Olympia Ohanian Jr. You have to check out link in bio for her amazing journey. Also check out my IG stories

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams) on

Таа исто така објави долго Instagram story речиси две недели откако се породи на 1 септември.

Серена (35) исто така откри дека името на бебето е Алексис Олимпија Оханијан Џиниор, како таткото, но и дека морале да останат во болница по раѓањето на ќерката бидејќи имало компликации во првите шест дена.

Таа не објаснува во детали кои биле компликациите, туку само додава дека Алексис се родила со здрава тежина, нормална за новороденче.

Ова е прво дете за Серена и нејзиниот свршеник, основачот на Reddit Алексис Охани.

Коментирај