Фудбал

Серија А најавува револуција во ВАР: „Челинџ“ за спорни ситуации

14. февруари 2020 - 10:14 | А.С.

ВАР технологијата засега има измешан прием кај играчите и тренерите, а со овој новитет се очекува тоа да се смени.

Фудбалската федерација на Италија сериозно размислува за воведување на опцијата „челинџ“ како дел од користењето на ВАР технологијата, која ќе им овозможи на тренерите и играчите во текот на натпреварот да побараат консултација со видеотехнологијата во одредени ситуаци.

Веќе со месеци се зборува за тоа дека со цел ВАР технологијата подобро да функционира, треба да им се овозможи на тимовите, односно на тренерите и играчите, да побараат од судијата дополнително прегледување на спорни ситуации, односно нешто слично на тенискиот „челинџ“, што би можело да придонесе за подобро користење на оваа технологија.

Идејата во Фудбалската федерација била предложена за да се постигне „подобар и поправеден фудбал“.

„Ја известивме ФИФА и подготвени сме да го воведеме експериментот со челинџ опција при користењето ВАР. Ние сме една од првите лиги кои почнаа да ја користат ВАР технологијата и со новата идеја сакаме да се избориме за подобар и поправеден фудбал“, порачуваат од Италија.

Италијанците исто така одлучија дека во финишот на сезоната многу повеќе ќе се користи ВАР технологијата бидејќи следат клучни натпревари во борбата за трофејот.

Коментирај