На почетокот на овој месец, Samsung ја претстави серијата Galaxy S23. Компанијата веќе започна со претпродажба на телефони од оваа серија.
Минатата недела се појавија информации за рекордна претпродажба во Индија. Вчера беше откриено дека слична е ситуацијата и во Јужна Кореја.
Интересот за серијата Samsung Galaxy S23, која според првите тестови се чини дека е многу подобра од претходната, најмногу поради чипот, е голем во Јужна Кореја.
Така, локални извори јавуваат дека јужнокорејскиот технолошки гигант забележал 1,09 милиони преднарачки за модели од оваа серија. Ова е зголемување од 7% во претпродажбата во однос на серијата Galaxy S22.
Дополнително, ова е најголемиот број на преднарачки досега за серијата Galaxy S во Азија. Со исклучок на серијата Galaxy S, само серијата Galaxy Note 10 од 2019 година имаше подобра претпродажба во текот на летото 2019 година.
Она што е особено интересно се нарачките по модел. Очекувано, најпорачуваниот модел е Galaxy S23 Ultra, чиишто преднарачки сочинуваа 60% од вкупниот број. Следи обичниот Samsung Galaxy S23 со удел од 24%, додека најмалку нарачан од овие модели е Samsung Galaxy S23+ со удел од 16%.
Пред претставувањето на оваа серија се појави информација дека следната година Samsung ќе се откаже од моделот Galaxy S+, а се чини дека сега има уште една причина за ваквата одлука.
Кога зборуваме за спецификациите на серијата Galaxy S23, таа пристигна оваа година со поинаков дизајн (главно обичните и Plus моделите) во однос на претходната серија. Покрај тоа, Galaxy S23 и Galaxy S23+ пристигнуваат со поголеми батерии во однос на нивните претходници, како и специјален чип од американската компанија Qualcomm - Snapdragon 8 Gen 2 за Galaxy.