Сериозна, но стабилна е состојбата на повредените пациенти од страотниот пожар во Кочани

Сериозна, но стабилна им е состојбата на повредените пациенти кои во моментов се лекуваат од здобиените повреди од пожарот во Кочани. Се размислува и за враќање на дел од оние кои се лекуваат во странство. По извршената обдукција на починатите лица во пожарот, кај сите е констатирана насилна смрт од задушување што е предизвикано директно од пожарот.

Според последните информации, вкупно 162 повредени пациенти моментално се лекуваат од здобиените повреди во пожарот во Кочани, од кои 115 пациенти се на лекување надвор од државата. – Освен еден пациент кој се лекува во Турција, другите се во сериозна, но стабилна состојба, информираше вчера на прес-конференција министерот за здравство Арбен Таравари.

На домашно лекување до сега се пуштени 13 пациенти. Со ова на Клинички центар на лекување се 25 пациенти, во ГОБ „8 Септември“  12, во Градска општа болница 11 и во Штип 1 пациент. Во однос на исписите – 1 пациент од Штип, има 1 испис од Детска хирургија, 3 ќе се испишат од Торакална хирургија. Во „Систина“ и „Жан Митрев“ вкупно се лекуваа 9 пациенти, од нив 5 завчера се испишани.

Во однос на оние пациенти кои се на лекување надвор од државата, во Србија се 30, од кои веќе двајца се екстубирани. Во Бугарија 15 пациенти од коишто тројца се веќе екстубирани. Во Грција 12, од кои двајца се критични. Во Анкара 6 пациенти се екстубирани, додека исто толкав број се екстубирани и во болницата во Истанбул.

Во Шпанија се лекуваат 7 пациенти, во Австрија 5, во Унгарија 6 пациенти, од коишто веќе еден е фебрилен и еден со кашлица, другите се во стабилна состојба. Во Хрватска се 5 пациенти, еден е интубиран стабилен и четири други се во сосема стабилна состојба. Во Словенија се вкупно 4 пациенти, од кои три се во посериозна состојба. Во Литванија се 4 пациенти, едниот и таму е екстубиран, значи е во подобра состојба. Во Белгија 4 пациенти, од кои сите четири се во стабилна состојба. Во Италија 4 пациенти кои се веќе станати. Во Шведска се 4 пациенти, двајцата сосема во стабилна состојба и во Полска се 2 пациента од кои само едниот интубиран.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, најави дека е можно идната недела да се зборува и за протоколи за враќање на овие пациенти.

реклама

Македонија

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците

Read more

СДСМ: Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници

Read more

ВЛЕН: Ахмети сака да предизвика политичка криза и предвремени избори

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Колку милиони евра однесоа Заев и Филипче во Дубаи?

Read more
 

Вести

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците

Читај повеќе

СДСМ: Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници

Читај повеќе

ВЛЕН: Ахмети сака да предизвика политичка криза и предвремени избори

Читај повеќе

Руски дрон нападна автобус со цивили во Украина, 10 мртви

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Колку милиони евра однесоа Заев и Филипче во Дубаи?

Читај повеќе

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Читај повеќе

Рекордно ниски цени на горивата во Америка

Читај повеќе

Кој го води Ватикан до изборот на следен папа?

Читај повеќе

Судот ја одби гаранцијата од милион евра на Асмир Јахоски

Читај повеќе