Сериозни обвинувања: Bild тврди дека Мукоко нема 20 туку 24 години

Макфакс/Кајгана
/ 14.12.2024 / 13:58

Јусуфа Мукоко е 20-годишен напаѓач на Борусија Дортмунд кој моментално е на позајмица во Ница. Таму постигна 2 гола и забележа 2 асистенции на 13 настапи во сите натпреварувања сезонава. На 12 години беше прогласен за најголем талент во светот, а синоќа германски Bild објави дека тој всушност е 4 години постар од неговата возраст.

Мукоко е роден во Камерун, а во Германија дошол како дете. На 12-годишна возраст првпат играл за репрезентацијата до 16 години. Уште од самиот почеток се поставуваа прашања за неговата возраст бидејќи соборуваше рекорд по рекорд.

На 50 настапи во Бундеслигата за играчи до 17 години  постигна 83 гола и имаше 14 асистенции, додека на 23 натпревари во Бундеслигата за играчи до 19 години постигна 44 голови и имаше 10 асистенции.

Сепак, најновите информации, откриени во документарецот на телевизискиот канал ProSieben, сугерираат дека тој нема 20, туку 24 години.

Неговиот наводен татко Жозеф (73) во изјава дадена под заклетва, во која Bild имал увид рекол: „Знаејќи ја кривичната одговорност за лажните изјави, под заклетва изјавувам: Јусуфа Мукоко не е мој биолошки син, не е биолошки син и на мојата сопруга Мари Мукоко. Исто така, тој не е роден на 20 ноември 2004 година во Јаунде. Му извадив лажен извод од матичната книга на родените во Јаунде. Потоа отидов во амбасадата, му извадив пасош и го однесов во Германија како да е мој син. Тој всушност е роден на 19 јули 2000 година. Го направивме четири години помлад, па во изводот пишува дека дека е роден на 20 ноември 2004 година.

„Мојата сопруга беше вработена во агенција која работи за Evonik, спонзорот на Борусија Дортмунд, а јас бев вработен директно во клубот. Така добивавме пари секој месец. Не работевме“, заклучи Жозеф Мукоко.

Bild прецизира дека Жозеф Мукоко, кој бил под договор како видео-аналитичар и скаут, добивал 20.000 евра месечно. Покрај тоа, германските медиуми, кои отидоа во Камерун за да се обидат да ги најдат вистинските изводи од матичната книга на родените на играчот, не најдоа ништо за раѓањето во 2004 година.

Од друга страна, германските медиуми го добија изводот од матичната книга на родените на Јусуфа Мохамаду, роден на 19 јули 2000 година, кој не е мртов, што значи дека денес има 24 години. Неговиот татко е Усман Мохамаду (51).

„Во сиромашниот кварт Ла Брикетери во главниот град, каде што порасна Јусуфа Мукоко, вујкото на фудбалерот вели дека неговиот вистински татко живее во вила на десет километри оттаму. И неколку соседи потврдуваат дека тука живее таткото на ѕвездата на Борусија Дортмунд, која сите ја познаваат. Сепак, во вилата не живее Жозеф Мукоко, туку Усман Мохамаду“, пишува Bild, упатувајќи сериозни обвинувања.

Германскиот весник го контактирал и Саша Флиге, директорот за комуникации на Борусија Дортмунд.

Тој изјавил: „Во случајот на Јусуфа Мукоко, биолошките родители може да се најдат врз основа на официјални лични документи и изводи од матичната книга на родените издадени од германските власти.

Овие документи остануваат во сила до ден-денес и претставуваат основа за потпишување договори со клубови, домашни и странски, и секако, за избор на асоцијативни тимови како што е германската репрезентација до 21 година“.

реклама

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Фудбал

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Read more

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Read more

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Read more

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јокиќ со трет трипл-дабл во низа против Орландо, Зубац го уништи Лејкерс

Читај повеќе

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Читај повеќе

Работнички: До кога Перо Антиќ ќе ја силува македонската кошарка?

Читај повеќе

Почнуваат зимските пријателски: Календар на натпревари на македонските клубови

Читај повеќе

Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната

Читај повеќе

Шокантна пријава до ФИФА: Сакаат да убијат 3 милиони кучиња пред Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Оклахома го патосираше Кливленд, разликата беше и 42 поена

Читај повеќе

Фабиу Куентрау уапсен поради нелегално одгледување ракови

Читај повеќе

Фоден: Не сме глупави, знаеме дека немаме шанси да ја одбраниме титулата

Читај повеќе