Сериски силувач и убиец откриен по 33 години, но не може да му се суди

Полицијата во Јужна Кореја реши случај на злогласен сериски убиец кој силувал и убил неколку жени пред 33 години.

Полицијата посветила 1,8 милиони работни часа од 1986 до 1991 година во истражување на смртта на десет жени од руралните предели на Хвасеонг, јужно од Сеул.

Новите ДНК анализи го поврзаа 56-годишниот Ли Чун-јае со најмалку три од случаите.

Осомничениот веќе отслужува затворска казна за силување и убиство на неговата снаа во 1994 година.

Тој ги негира обвиненијата и не може да биде изведен пред суд за овие случаи, бидејќи согласно јужнокорејските закони, делата се застарени од април, 2006 година.

Убиствата на жените кои биле на возраст од тинејџерки до 70-тина години беа инспирација за наградуваниот филм „Memories of Murder“.

Полицијата испраша 21.000 луѓе во истрагата и направи споредување на отпечатоци на прсти на уште 20.000, но без никаков успех.

„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и на корејската јавност, што го немавме решено овој случај толку долго време“, рече Бан Ги-со од обласната полициска единица на Гјеонги.

„Ќе дадеме сѐ од себе да ја откриеме вистината до крај, со елемент на историска одговорност.“

Повеќето жртви биле убиени со давење, објави корејската новинска агенција Yonhap. Убиецот најчесто користел лични предмети на жртвите за да ги задави, како чорапи и хулахопки.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе