Поранешниот водител на шоуто MythBusters Адам Севиџ е обвинет за сексуално злоставување, а обвиненијата доаѓаат од неговата сестра.
Во обвинението поднесено завчера во Врховниот суд во Вестчестер, Миранда Пакијана тврди дека била „сексуално злоставувана од братот кога двајцата биле малолетни“. Таа тврди дека во периодот од 1976 до 1979 година, кога заедно живееле во Њујорк, Севиџ „во повеќе наврати ја силувал и ја принудувал на орален секс и други облици на сексуално злоставување“.
Во тој период Миранда имала 7 до 10 години, а Адам 9-12.
Во тужбата се наведува дека Миранда била „ужасната и истрауматизирана“ од злоставувањето и дека сака „да закрепне од емоционалното и физичкото патење низ кое поминала“.
Адвокатот на Севиџ, Ендру Бретлер, излезе со соопштение во негово име, во кое ги негира сите обвиненија.
„Се надевам дека сестра ми ќе ја добие помошта која ѝ е потребна за да си најде мир, но на ова мора да му дојде крајот. Веќе долги години немилосрдно ме напаѓа мене и други членови на семејството“, стои во соопштението.