Сет Роген и Шарлиз Терон во романтичната комедија „Long Shot“
Lionsgate објави нов трејлер за романтичната комедија „Long Shot“ со Шарлиз Терон и Сет Роген во главните улоги.
Дејството го следи невработениот новинар Фред Фларски кој ја придружува неговата поранешна бебиситерка и симпатија од детството, Шарлот (Терон), која се кандидира за претседател на државата.
Во останатите улоги се појавуваат О’Ши Џексон Џуниор, Рави Пател, Енди Серкис, Александар Скарсгард, Рендал Парк и други. Режисер на филмот е Џонатан Левин. Премиерата е закажана за 3 мај.