Северна и Јужна Кореја пишуваат заеднички речник: Пенал или удар со нога од 11 метри?

Иако двете земји го зборуваат истиот јазик, седумдесетте години разделеност влијаеа на речникот и сега граѓаните на Северна Кореја и Јужна Кореја звучат слично, но сепак постојат многу драстични разлики помеѓу зборовите и фразите кои ги користат овие две нации.

Во Северна Кореја може да очекувате некој да ве праша дали сакате да „излезете на прошетка“, а жител на Јужна Кореја би ве прашал дали сакате да „излезете на состанок“. И додека во Северна Кореја лижат „ескимо“, во Јужна Кореја се лиже „сладолед“.

Големите разлики во речникот на двете земји направија истиот јазик да звучи различно во зависност од територијата на која се наоѓате. Најголемата разлика се чувствува во зборовите кои се појавија по 1945 година, и оттогаш народите на двете земји користат различни изрази за истата работа или предмет.

По трите самити кои беа одржани годинава помеѓу лидерите на Северна и Јужна Кореја, беше донесена одлука дека овие две азиски земји ќе работат на унифициран речник кој ќе се користи на територијата на двете држави.

„Ние бевме една нација кога кралот Сеџонг ја измисли хангул (корејската азбука). Потоа дојде Студената војна и Корејската територија се подели на две земји. Изминатите 70 години го променија значењето на зборовите на Југот и на Северот на Кореја“, изјави Ли Нак-јеон, премиерот на Јужна Кореја.

По поделбата на Корејската територија, јужнокорејскиот јазик почна да прифаќа многу зборови од англискиот речник, додека севернокорејскиот речник остана тврдо решен да се служи само со корејски зборови. Ако во Северна Кореја некој фудбалер биде фаулиран во шеснаесетникот на противникот, тогаш се досудува „удар со нога од 11 метри“, додека во Јужна Кореја за истата работа се досудува „пенал“.

реклама

Што се случува доколку секој втор ден правите по 200 склекови?

Read more

Најсмешните новинарски незгоди со животни

Read more

Секс-пози за кои луѓето повеќе зборуваат, отколку што ги практикуваат

Read more

Видео симулација докажа дека визирите не штитат од COVID-19

Read more

Свет

Додека закрепнуваше во Берлин, во Русија сè му запленија

Read more

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Read more

Земјотрес од 4,2 степенa во Истанбул

Read more

Северна Кореја уби и спали јужнокорејски службеник

Read more

Вести

Корона кризата ги извади на површина слабостите во домашниот туризам

Читај повеќе

Припадник на Алфите треба да сведочи во случајот „Монструм”

Читај повеќе

Ситуацијата со COVID-19 во Прилеп е сериозна, има сѐ помлади пациенти

Читај повеќе

Сончево и топло до 31°C, од утре заладување

Читај повеќе
  • play_arrow

Додека закрепнуваше во Берлин, во Русија сè му запленија

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Пронајдена мини лабораторија и стебла канабис во Визбегово, приведени 3 лица

Читај повеќе

Приведен скопјанец поради недозволена трговија со оружје и дрога

Читај повеќе

Земјотрес од 4,2 степенa во Истанбул

Читај повеќе