Северна и Јужна Кореја продолжуваат со преговори, тензиите растат

Северна и Јужна Кореја денеска одржуваат воени преговори, во екот на зголемувањето на тензиите, откако САД откри нови активности на Северна Кореја, во врска со производството на нуклеарно оружје.

Состанокот се одржува во местото Панмујн во демилитаризирана зона, а треба да биде продолжение на самитот помеѓу двете Кореи од април, на кој челниците на двете земји се договорија да ги намалат тензиите и да ги прекинат „сите непријателски активности“.

Главниот јужнокорејски преговарач, за новинарите, рече дека и на овој состанок ќе направи се што може за ублажување на напнатоста и изградба на доверба помеѓу овие две земји.

Американските шпионски сателити ги открија обновените активности

Висок американски функционер, за „Reuters“ рече дека американските шпионски проектили ги открија обновените активности во фабриката на Северна Кореја, која го произведе првиот интерконтинентален проектил, способен да стигне до површината на САД.

Според извештаите во јужнокорејските медиуми, се очекува Северна Кореја да биде истрајна во официјалниот мировен договор.

Севернокорејските медиуми, од друга страна, денеска го обвинија Сеул дека „губи време“ чекајќи санкциите да бидат укинати, дури откако ќе биде извршена целата денуклеаризација, а притоа да не презема поединечни акции за тоа.

Двете Кореи технички останаа во воена состојба уште од 1953 година, кога стапи на сила примирјето после Корејската војна (1950-1953).

Тензиите поради севернокорејската нуклеарна програма за производство на нуклеарно оружје, се намалија кон почетокот на оваа година, откако Пјонгјанг, сосема изненадувачки, покажа добра волја да се ангажира во водење на дипломатска политика со Јужна Кореја и САД.

Дипломатските преговори кулминираа со историскиот состанок помеѓу Ким и американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се одржа во Сингапур на 12 јуни.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more
 

Вести

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе