Свет

Северна Каролина се дави во измет од свињи по ураганот Флоренс

22. септември 2018 - 10:56 | А.С.

Ураганот Флоренс донесе катастрофа во Северна Каролина - бројот на жртви достигна 43, а штетата од природната катастрофа се проценува на 38 милијарди долари до 50 милијарди долари, објави „Волстрит џурнал“.

Се очекува дека поради Флоренс ќе биде исплатено осигурување во висина меѓу 1,7 милијарди долари и 5 милијарди долари.

Како ова да не е доволно, на Северна Каролина ѝ се заканува санитарна катастрофа, откако водата разнесе огромни количини свински измет од фармите и објектите за фрлање животински измет.

Во овие објекти изметот се третира со бактерии што „јадат“ ѓубре и на тој начин се спречува ширење на болести. Овие бактерии ѝ даваат на разлеаната вода специфична розово-виолетова боја.

Се смета дека во Северна Каролина се одгледуваат околу 10 милиони свињи.

Дождот и поплавите по ураганот Флојд во 1999 година предизвикаа сличен проблем што резултираше со прекумерно цветање на алги и масовен помор на риби.

Коментирај