Министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ри Јонг Хо, рече дека Доналд Трамп е оној кој прв објави војна и дека Северна Кореја го задржува правото да преземе контра-мерки.
„Целиот свет треба да знае дека САД се оние кои први објавија војна на нашата земја“, рече Ри Јонг Хо за новинарите во Њујорк.
Тој додаде и дека со оглед на тоа дека САД се првите кои објавија војна, Пјонгјанг го задржува правото да преземе контра-мерки со цел да ја одржи безбедноста на нивниот народ. Хо се закани дека тие се спремни да ги рушат американските бомбардери.
„Тоа се однесува и на леталата кои не летаат над нашата територија, нас не ни прави разлика“, додаде Хо.