Северна Кореја соопшти дека ги прекинала тестовите на балистичките ракети и планира да ги затвори полигоните за тестирање на нуклеарни бомби, пренесуваат тамошните медиуми.
Севернокорејската агенција KCNA соопшти дека прекинувањето на овие тестови стапува на сила од денеска.
Како што се пренесува, Северна Кореја се одлучила на овој потег со цел одржување на „националниот фокус“ и подобрување на економијата.
Објавата околу прекинување на нуклеарните и ракетните тестови следува само неколку дека откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун требаше да се сретне со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, за да се обидат да го решат конфликтот меѓу Северна и Јужна Кореја.
Одлуката на Северна Кореја донесена е на пленарна седница на Централниот комитет на владејачката Работничка партија, на која се разговарало за „новата етапа“ во политиката.