Северна Кореја истрела 8 балистички ракети. Јапонија: Ова повеќе нема да го толерираме

Северна Кореја истрела осум балистички ракети со краток дострел во море во близина на нејзиниот источен брег, еден ден откако Јужна Кореја и САД ги завршија заедничките воени вежби. За прв пат по повеќе од четири години, на вежбите учествуваше и американски носач на авиони.

Јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши, исто така, рече дека Северна Кореја истрелала повеќе проектили и дека тој чин „не може да се толерира“. На брифингот, тој рече дека најмалку една ракета има променлива траекторија, што укажува дека може да маневрира за да ја избегне ракетната одбрана.

Американската индо-пацифичка команда во соопштение рече дека повеќекратните лансирања на севернокорејските балистички ракети го истакнале дестабилизирачкиот ефект на нејзината програма за нелегално оружје, но дека настанот не претставува непосредна закана.

Серија проектили

Во последните неколку недели, Северна Кореја истрела серија проектили, вклучувајќи ја и нејзината најголема интерконтинентална балистичка ракета.

Американскиот специјален претставник Сунг Ким во петокот се состана со неговите колеги од Јужна Кореја и Јапонија Ким Гун и Фунакоши Такехир во Сеул за да се подготви за „сите итни случаи“ по индициите дека Северна Кореја се подготвува да изврши нуклеарна проба за прв пат од 2017 година.

Вашингтон многу јасно му стави до знаење на Пјонгјанг дека е отворен за дипломатија, рече Ким за време на посетата, истакнувајќи дека е подготвен да разговара за прашања од интерес за Пјонгјанг, како што е олеснување на санкциите.

Минатата недела САД побараа дополнителни санкции на ОН за Северна Кореја поради нејзиното лансирање балистички ракети, но Кина и Русија ставија вето на предлогот.

реклама

Хороскопски знаци на кои ќе им „паѓаат пари од небо“ во 2026 година

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Read more

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Read more

Свет

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Read more

Како се Балканот и Венецуела поврзани на пазарот на кокаин?

Read more

11-годишно дете во САД го убило татко му затоа што му ја зел видеоиграта

Read more

Венецуелката Мачадо му ја додели Нобеловата награда за мир на Трамп

Read more
 

Вести

„Као какао“ – прв македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски

Читај повеќе

МЗ: Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството

Читај повеќе

На „Богородица“ откриени службени пиштоли украдени од обезбедувањето на ЈП „Паркови и зеленило“

Читај повеќе

Скопјанец им се заканувал на сопругата и ќерките дека ќе ги убие и запали

Читај повеќе

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Читај повеќе

Како се Балканот и Венецуела поврзани на пазарот на кокаин?

Читај повеќе

11-годишно дете во САД го убило татко му затоа што му ја зел видеоиграта

Читај повеќе

Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржина и јутјуберите да се регистрираат во АВМУ, соопштија од агенцијата

Читај повеќе